Малку лудило за бројни бесценети моменти

Да се ​​биде страстен фудбалски фан оди заедно со инстинктот да се прават луди работи. Сигурно, оваа дефиниција на „луди работи“ е прашање на перцепција, бидејќи за вистинските фанови, тие се бесценети моменти за кои вреди да се живее, а за другите, тоа не е ништо друго освен лудило.

За фановите на најважната споредна работа во светот – фудбалот, бесценетите моменти се честа тема на дискусија, а понекогаш и се наоѓаат на самата граница на здравиот разум. Постојат голем број примери од целиот свет, каде што фудбалските навивачи се подготвени да направат апсолутно сè за да ја докажат својата лојалност кон својот тим.

Често читаме и слушаме за фудбалските фанови што прават луди работи – од губење на гласот, плачење, скокање, прославување со денови, отсуствување од работа кога нивниот клуб ќе го загуби натпреварот, расправија со најдобриот пријател што навива за противничкиот клуб, боење на косата во клупските бои, фризури како нивните идоли, до поминување и илјадници километри за да ја поддржат својата страст – фудбалот.

Доколку се пронајдовте во некои од овие примери или, пак, вие и вашето дете имате некој ритуал или бесценет фудбалски момент на лудило овековечен на фотографија, тогаш имате можност да бидете дел од УЕФА Супер купот Скопје 2017 заедно со вашето дете.

Само уште денес, на специјално отворената страница на „Кајгана“ достапна овде, за македонските фудбалски навивачи, сопственици на важечка Mastercard дебитна или кредитна картичка издадена од која било македонска банка, е организирана промотивна кампања, која ќе обезбеди место за 11 родители на Арената Филип II и 11 единствени искуства за нивните деца што ќе ги придружуваат познатите фудбалери на фудбалскиот терен.

Механизмот за да се стане потенцијален добитник на бесценето искуство во рамките на кампањата е прилично едноставен. Доколку имате заедничка фотографија со вашето дете, каде што и двајцата го демонстрирате вашиот уникатен начин на фудбалско лудило, доколку вашето дете е на возраст помеѓу 7 и 9 години и има висина помеѓу 1,05 м и 1,35 м, прикачете ја фотографијата на специјално дизајнираната страница за оваа цел и собирајте споделувања.

Оригиналните и креативни фотографии поставени на специјално дизајнираната страница и во согласност со правилата за учество што, најдоцна до денес, ќе соберат најголем број споделувања, заедно со сопствениците на 5 фотографии што ќе бидат избрани од страна на жири, ќе им овозможат да бидат дел од еден од најголемите фудбалски натпревари во светот и во Македонија – УЕФА Супер купот Скопје 2017. Билетите се обезбедени од страна на Mastercard, еден од официјалните спонзори на УЕФА Супер куп Скопје 2017.

Лудилото продолжува и на градскиот плоштад во Скопје на 7 и 8 август, каде Mastercard ве поканува на предизвик и бесценето изненадување. Дали сте спремни да ја покажете вашата страст за фудбал на малку поинаков начин? Ве очекуваме. 

реклама

Финансиски хороскоп до 12 мај: Враќање долгови и неочекувани трошоци

Read more

Од жица и камења сами направете убави саксии

Read more

Таjчи по 34 години го облече фустанот што го носеше на Евровизија

Read more

Похувани полнети јајца – одличен начин да ги искористите остатоците од Велигден

Read more

Фудбал

Тиаго Силва потпиша за Флуминенсе, доаѓа во јули

Read more

Шампионската титула на Реал ќе му биде врачена зад затворени врати

Read more

Борусија во Париз по 11 години бара пласман во ЛШ финалето

Read more

Кој ќе го замени Жиру во Милан?

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Тиаго Силва потпиша за Флуминенсе, доаѓа во јули

Читај повеќе

Шампионската титула на Реал ќе му биде врачена зад затворени врати

Читај повеќе
  • play_arrow

Вембанјама едногласно избран за најдобар дебитант во НБА

Читај повеќе

Борусија во Париз по 11 години бара пласман во ЛШ финалето

Читај повеќе
  • play_arrow

Чарлс Баркли го отпиша Јокиќ

Читај повеќе
  • play_arrow

Кајрен Вилсон за прв пат во кариерата стана светски шампион во снукер

Читај повеќе

Кој ќе го замени Жиру во Милан?

Читај повеќе

Димитријевиќ од следната сезона ќе игра во Евролигата

Читај повеќе

Јунајтед три недели ќе биде без Мегваер

Читај повеќе