Малолетните деца на Рашковски не смеат да ги продаваат станот и земјиштето во Побожје

Кривичен одлучи дека ексгенералниот секретар на Владата и непраавосилно осуден за „Софтвери“, Драги Рашковски, ќе остане со замрзнат имот со цел да се надомести штетата кон државата која ја направил местејќи тендери.

Ова на вчерашното рочиште го соопшти судијката Фанка Јанчулева Михаиловска. Судот одлучи дека неговите малолетни деца нема да поседуваат права на дел од недвижниот имот, кој им го препишал Рашковски.

Ќе се конфискува земјоделско земјиште, кое во најголем дел се наоѓа во Побожје, како и станови и помошни простории.

„Во согласност со член 114 од Законот за кривичната постапка се задолжуваат обвинетите Драги Рашковски, Ивица Димитровски, Игор Христов солидарно да ја надоместат штетата кон државата во износ од 6.545.816 денари, кои се исплатени од буџетот на државата за набавка на системот за биометриска идентификација, а обвинетите Драги Рашковски, Ивица Димитровски, Игро Христов и Даниел Станчев солидарно да ја надоместат штетата кон државата во износ од 4.997.300 денари, пари исплатени од државниот буџет за набавка на софтверот за определување просечна брзина на возилата во сообраќајот и изрекување казни. Судот определи и привремени мерки за обезбедување имотно-правно барање на државата, што настанало поради извршување кривично дело забрана на обвинетиот Ивица Димитровски да располага со средства од жиро-сметка депонирана во НЛБ банка, а на која тој како физичко лице имал овластување да располага со салдо од 14.539,07 евра и 263.561 денар во висина на 12.341 евро или 758.340 денари сметано по девизен курс“, кажа судијката.

Таа додаде: „Забрана на малолетните деца на Рашковски да ги отуѓат или оптоварат своите недвижности или, пак, да бидат дадени под закуп, и тоа имотот во Побожје: земјоделско земјиште со површина од 1.308 квадратни метри и земјоделско земјиште со површина од 1.641 квадратен метар, лоцирани во Ровиште. Уште едно земјоделско земјиште во Побожје, со површина од 350 квадратни метри, лоцирано во местото Ровиште, земјоделско земјиште со површина од 588 квадратни метри, лоцирано на истото место. Земјоделско земјиште во Побожје, со површина од 1.415 квадратни метри, градежно земјиште со површина од 64 квадратни метри и земјоделско земјиште со површина од 2.685 квадратни метри, помошни простории и кат со површина од 15 квадратни метри. Стан со површина од 37 квадратни метри и помошни простории со површина од 38 квадратни метри, лоцирано во местото Ровиште. Земјоделско земјиште со површина од 771 квадратен метар и уште едно со површина од 9.645 квадратни метри и пазарна вредност од 13.128.897 денари. Драги Рашковски треба да ја надомести штетата кон државата во износ од 4.605.021 денар исплатени од буџетот за набавка на камери за препознавање регистарски таблички, во износ од 1.о46.000 илјади денари, исплатени од државни пари за набавка на системот за биометриска идентификација, како и да ја надомести штетата на државата во висина на имотната корист, која ја прибавил за себе со склучените договори со обвинетите Игор Ивановски и Маја Силјановска во износ од 880.000 денари во рок од шест месеци од правосилноста на пресудата“, одлучи судот.

Според обвинителниот акт, првообвинетиот Драги Рашковски не ги извршил службените должности при спроведувањето четири постапки за јавна набавка за систем за биометриска идентификација, јавна набавка на софтвер за определување просечна брзина на возила во сообраќајот и изрекување казни, набавка на АНПР-камери за препознавање регистарски таблички за возила и јавна набавка на метални кабини за потребите на системот на биометриска идентификација и систем за автоматско препознавање на регистарски таблички.

Remote video URL
Куќен притвор за Рашковски

Поранешниот генерален секретар на Владата, Драги Рашковски ќе оди во куќен притвор откако беше осуден на осумгодишна затворска казна за случајот Софтвери.

Куќен притвор му е одреден поради опасност од бегство. Тој доби и забрана да комуницира со останатите обвинети. Останатите за кои се побараа мерки, тие не беа одредени. Притвори поради опасност од бегство побара обвинителката Ивана Трајчева.

„Предлагам на Драги Рашковски, Ивица Димитровски, Игор Христов и Даниел Станчев да се определи притвор, бидејќи може да се дадат во бегство, а заради издржување на казната затвор. Оправданиот страв дека сега обвинетиот Рашковски ќе се даде во бегство го темелам на следните факти: Со решение на Апелација му беше укината мерка куќен притвор и беше пуштен на слобода со гаранција“, кажа Трајчева објаснувајќи за вредноста на имотот на Рашковски кој е со помала вредност од тоа што првично било кажано.

За Станчев кажа дека тој нема потесно семејство, а има пари кои може да ги искористи за да се даде во бегство. За Ивица Димитровски и Игор Христов, обвинителката посочи дека обвинетите имаат извлекувано пари во готовина кои ги давале на обвинетиот Рашковски, односно дејствувале заедно – што е околност дека може да бегаат.

 Обвинителката Ивана Трајчева рече дека ќе се жали и ќе бара притвор.

„Ќе има жалба од Обвинителството. Обвинителството смета дека за сите постојат реални причини дека можат да се дадат во бегство. Оставам прво да го примиме решението“, рече Трајчева.

реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Read more

Како да го зачувате лебот свеж без да го ставате во фрижидер?

Read more

Македонија

Почувствуван земјотрес во Скопје

Read more

Одбележување 121 година од смртта на Гоце Делчев

Read more

Променливо облачно со повремени врнежи од дожд

Read more

4 мај 1903, загина македонскиот револуционер Гоце Делчев

Read more
 

Вести

Почувствуван земјотрес во Скопје

Читај повеќе

44 години од смртта на Тито: Дали историјата ќе го памти како херој или злосторник?

Читај повеќе

Дали војната во Украина прераснува во светска војна?

Читај повеќе
  • play_arrow

Маж и жена во Шведска запалија Куран

Читај повеќе

Санкциите се видливи: Газпром заврши во минус првпат по повеќе од 20 години

Читај повеќе

Куче паднало во шахта и ги изгризало каблите за интернет на две болници: ЦУК за невообичаената акција во Скопје

Читај повеќе

Одбележување 121 година од смртта на Гоце Делчев

Читај повеќе

Тепачка во Чаир: случајот го пријавила 28-годишна девојка која била меѓу нападнатите

Читај повеќе

Променливо облачно со повремени врнежи од дожд

Читај повеќе