МАНУ се огласи – предлага стручна расправа за Законот за употреба на јазиците

Македонската академија на науките и уметностите – МАНУ се огласи со свој став во врска со Законот за употреба на јазиците, кој е во собраниска процедура. Според Академијата, пред усвојувањето на предлог-законот за употреба на јазиците во Собранието, потребно е да се отвори стручна и научна расправа за одделни прашања што ги регулира ова законско решение со учество на експерти од различен профил – лингвисти (македонисти, албанолози, специјалисти од областа на ареалната лингвистика), правници, социолози и сл.

„Стручната и научна дебата ќе придонесе подобро да се разберат предложените решенија, да се расчистат одделни недоречености што можат да создаваат проблеми при примената на Законот во практиката, да се разјаснат некои различни толкувања што се појавија во досегашната расправа и сл. За сите отворени прашања и дилеми поврзани со оваа проблематика, пратениците во Собранието, респектирајќи ги стручните и научните мислења, треба да иницираат конструктивна дебата, заснована врз принципите на отвореност, толерантност, заемно уважување и избегнување секаков вид ултимативност  и исклучивост,  од која страна и да доаѓаат“, е ставот на МАНУ.

Според Академијата, јазичниот плурализам е иманентна карактеристика на мултикултурното општество, па оттука, легитимни се инсистирањата на заедниците за унапредување на нивните јазични права.

„Македонците треба да го почитуваат тоа и да покажат интерес за јазиците на нивните сограѓани и за унапредување на нивните јазични права, култура и традиции. Но, и обратно – претставниците на другите заедници мора да покажат разбирање, толерантност и респект за македонскиот јазик, како јазик на мнозинскиот народ и за неговата интегративна, обединувачка функција. Предлог-законот за јазиците, според МАНУ, респектирајќи го принципот на бројната застапеност на заедниците, значајно ја проширува и ја унапредува примената на албанскиот јазик во Република Македонија со цел да се затвори едно отворено прашање, кое создава меѓуетнички тензии и по промената на Уставот во 2001 година.

„Македонската академија на науките и уметностите цврсто стои на гледиштето дека Република Македонија треба да ја градиме и да ја развиваме како демократско, економски просперитетно и европски ориентирано мултиетничко и мултикултурно општество“, се истакнува во соопштението од Претседателството на МАНУ во врска со предлог-законот за употребата на јазиците.

реклама

Хаос во Берлин, повредени 155 полицајци

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Read more

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more

Македонија

Денеска е Ден на македонскиот јазик

Read more

Апасиев: Македонската платформа е единствениот спас од опасноста за федерализација на државата

Read more

Аваја: Треба да се искористи потенцијалот на ромската заедница

Read more

Мециновиќ: На носителите на ЗНАМ на личните профили им стојат слики со Заев и Пендаровски

Read more
 

Вести

Хрватска поради платата е привлечна за балканските работници

Читај повеќе

Денеска е Ден на македонскиот јазик

Читај повеќе

Апасиев: Македонската платформа е единствениот спас од опасноста за федерализација на државата

Читај повеќе

Аваја: Треба да се искористи потенцијалот на ромската заедница

Читај повеќе
  • play_arrow

Мециновиќ: На носителите на ЗНАМ на личните профили им стојат слики со Заев и Пендаровски

Читај повеќе

48 лица загинаа во страшна несреќа во Кина, Кинезите го слават херојскиот потег на камионџијата

Читај повеќе

Г.г. Стефан: Да ги зацврстиме единството и слогата, да ги надминеме разногласијата и меѓусебните поделби

Читај повеќе

Русија распиша потерница по Зеленски, се огласи Украина

Читај повеќе

НАТО започна огромни вежби, за Русија: Тоа е подготовка за војна

Читај повеќе