Маричиќ: Францускиот предлог е компромис што го правиме заради нас, не заради Бугарија

Компромисот во предлог-преговарачката рамка е многу едноставен – гаранција на македонскиот јазик и идентитет и почнување на преговорите, од една страна, и внесување на бугарската заедница во Уставот, од друга страна, пред продолжување на преговорите пред втората меѓувладина седница, изјави вечерва заменикот на претседателот на Владата за европски прашања, Бојан Маричиќ.

– Ова е компромис кој што ние го правиме заради нас, не заради Бугарија, не заради некој друг, изјави Маричиќ во емисијата „Само интервју“ на Канал 5 телевизија.

Тој нагласи дека во предлогот не постои точка која го негира нашиот јазик.

– Секој граѓанин, секој пратеник, да ги погледне документите, да најдат една точка во овој предлог која што го негира нашиот јазик, која што ни наметнува некаква асимилација или бугаризација, како што се вели на протестите, и која што ни го оспорува правото да говориме македонскиот јазик и да се наречеме Македонци. Нема такво нешто, рече тој.

Според Маричиќ, имаме согласност од Бугарија, доколку го прифатиме овој пакет, да го потпишеме договорот со Фронтекс, кој што, како што рече, е договор со Европска Унија, не само со Бугарија, во кој, исто така, ќе пишува македонски јазик.

– Тоа ни е гаранција дека Бугарија нема да се противи на формулацијата македонски јазик во документите на ЕУ, што беше наша цел.

На крајот на процесот, посочи тој, македонскиот јазик, според сето ова ќе се официјализира како службен јазик на Европската Унија.

– Ние ништо друго и нема да прифатиме, ниту можеме да прифатиме. Доколку во кој било момент добиеме непристоен предлог за јазикот и идентитетот, ние имаме целосно право и да ги напуштиме и да ги прекинеме преговорите, рече тој.

Маричиќ смета дека никој не може да нѐ натера да се асимилираме и тоа не може да се случи, затоа што, според него, никој не може во денешно време да го асимилира нашето чувство како Македонци или било чие етничко чувство или кој јазик го говори.

реклама

Левица се закани: Ако сакате војна, ќе ја добиете, ама ќе биде сиромашни против богати

Read more

Балканско-Кавкаска песна на Евровизија

Read more

6 неочекувани намирници што треба да се чуваат во фрижидер

Read more

Франција претстави нов дрон камиказа, може да лета со брзина од 400 км/ч

Read more

Македонија

Мицкоски: Да излеземе да гласаме, за да не можат да нѐ уценуваат никогаш повеќе

Read more

Левица се закани: Ако сакате војна, ќе ја добиете, ама ќе биде сиромашни против богати

Read more

Мисајловски: На 8 мај да ставиме печат на историската победа

Read more

Димитриевски: Го поддржав Пендаровски во минатиот мандат, но истата грешка нема да ја повторам

Read more
 

Вести

Мицкоски: Да излеземе да гласаме, за да не можат да нѐ уценуваат никогаш повеќе

Читај повеќе

Левица се закани: Ако сакате војна, ќе ја добиете, ама ќе биде сиромашни против богати

Читај повеќе

Мисајловски: На 8 мај да ставиме печат на историската победа

Читај повеќе
  • play_arrow

Димитриевски: Го поддржав Пендаровски во минатиот мандат, но истата грешка нема да ја повторам

Читај повеќе

Ахмети: Албанците не го оспоруваат идентитетот на Македонците

Читај повеќе

Велосипедист тешко повреден во сообраќајка во Охрид

Читај повеќе

Посебен режим на сообраќај утре во Скопје поради денот на полицијата

Читај повеќе

Снопче ги праша ДУИ: Со која партија ќе формирате влада и зошто не го поддржувате Пендаровски во вториот круг?

Читај повеќе
  • play_arrow

Мојсоска: Усеини од ДУИ доби 500.000 евра од ДПМНЕ во Охрид

Читај повеќе