Маск: Купувањето на Twitter не е прашање на пари

Мултимилијардерот Илон Маск тврди дека неговата намера да ја купи социјалната мрежа Twitter не е прашање на пари, туку, како што наведе, прашање на иднината на цивилизацијата.

Тоа го кажа минатата недела на светски познатата конференција TED – ја објасни својата визија за оваа социјална мрежа. Тој оцени дека купувањето ќе биде пресвртница во цивилизацијата каде Twitter ќе остане социјална мрежа од доверба.

„Ова не е прашање на заработка. Моето силно интуитивно чувство е дека постоењето на јавни платформи, на кои им се верува и се многу инклузивни, е исклучително важно за иднината на цивилизацијата“, рече Маск, извршен директор на Tesla и SpaceX.

Тој постојано јавно се спротивстави на она што го смета за кршење на слободата на говорот на Twitter. За него оваа социјална мрежа треба да има алгоритми со отворен код, со цел да се зголеми транспарентноста во умереноста на содржината. Тоа би била голема промена во начинот на работа на Twitter. Според Маск, на корисниците треба да им се остави да одредат што не им се допаѓа во содржината.

„Ако некој што не ви се допаѓа може да ви каже нешто со што не се согласувате, тогаш постои слобода на говор“, додаде тој.

Меѓу оние кои се на мислење дека треба да се биде многу внимателен кога се одлучува за трајно оневозможување на некој од користењето на социјалните мрежи. Тој нагласи дека грешки ќе постојат дури и ако успее да го купи Twitter. Како што рече, сите ќе го сметаат за виновен за сè, пренесува CNN.

Тагови
реклама

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Read more

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Бизнис

Санкциите се видливи: Газпром заврши во минус првпат по повеќе од 20 години

Read more

Градежните компании немаат доволно работници, ниту повисоките плати не помагаат

Read more

Паѓаат приходите на Starbucks, дали бојкотот успева?

Read more

Ја ограничија цената на руската нафта – не функционира!

Read more
 

Вести

Почувствуван земјотрес во Скопје

Читај повеќе

44 години од смртта на Тито: Дали историјата ќе го памти како херој или злосторник?

Читај повеќе

Дали војната во Украина прераснува во светска војна?

Читај повеќе
  • play_arrow

Маж и жена во Шведска запалија Куран

Читај повеќе

Санкциите се видливи: Газпром заврши во минус првпат по повеќе од 20 години

Читај повеќе

Куче паднало во шахта и ги изгризало каблите за интернет на две болници: ЦУК за невообичаената акција во Скопје

Читај повеќе

Одбележување 121 година од смртта на Гоце Делчев

Читај повеќе

Тепачка во Чаир: случајот го пријавила 28-годишна девојка која била меѓу нападнатите

Читај повеќе

Променливо облачно со повремени врнежи од дожд

Читај повеќе