Мбапе: Ако син ми сака да игра за Камерун, нема да му правам проблеми

Моментално најдобриот француски фудбалер изјави дека доколку еден ден неговиот син сака да игра за репрезентацијата на Камерун, тој нема да му прави проблеми.

Ѕвездата на ПСЖ е половина Камерунец со оглед на тоа што неговиот татко имигрирал во Франција од оваа африканска земја. Изминатите неколку дена Килјан Мбапе беше на одмор токму во Камерун, а го посети и родното село на неговиот татко. Локалните новинари му поставија хипотетичко прашање - „ако твојот син еден ден стане славен фудбалер, за која репрезентација би играл?“

„Тоа е многу лесно прашање. Не е исто како да зборувате за играње за клуб. Играњето во дресот со националните бои мора да доаѓа од срце. Никогаш не сум ги криел камерунските корени, но роден сум во Франција, целиот живот го минав таму, таа земја ми е поблиска до срцето и затоа одбрав да играм за неа“, изјави Мбапе, пред да додаде:

„Е сега, можеби мојот син ќе се роди во Камерун, или ако израсне во таа земја и ја засака, се приврзе за неа, па тогаш е многу веројатно и да одбере да не игра за Франција. Доколку тоа навистина биде така, апсолутно ќе ја почитувам неговата одлука и никогаш не би се мешал. Тоа е лична работа која секој човек мора да ја реши во себе“.

Инаку, Килјан преку својата фондација им помага на сиромашните заедници во Камерун, каде во неколку наврати реновираше училишпта и финансираше разни проекти.

24-годишниот Мбапе засега нема деца. Инаку, неговите деца покрај за Франција и Камерун би можеле да играат и за Алжир, бидејќи неговата мајка е од таму.

реклама

Финансиски хороскоп до 12 мај: Враќање долгови и неочекувани трошоци

Read more

Од жица и камења сами направете убави саксии

Read more

Таjчи по 34 години го облече фустанот што го носеше на Евровизија

Read more

Чарлс Баркли го отпиша Јокиќ

Read more

Фудбал

Тиаго Силва потпиша за Флуминенсе, доаѓа во јули

Read more

Шампионската титула на Реал ќе му биде врачена зад затворени врати

Read more

Борусија во Париз по 11 години бара пласман во ЛШ финалето

Read more

Кој ќе го замени Жиру во Милан?

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Тиаго Силва потпиша за Флуминенсе, доаѓа во јули

Читај повеќе

Шампионската титула на Реал ќе му биде врачена зад затворени врати

Читај повеќе
  • play_arrow

Вембанјама едногласно избран за најдобар дебитант во НБА

Читај повеќе

Борусија во Париз по 11 години бара пласман во ЛШ финалето

Читај повеќе
  • play_arrow

Чарлс Баркли го отпиша Јокиќ

Читај повеќе
  • play_arrow

Кајрен Вилсон за прв пат во кариерата стана светски шампион во снукер

Читај повеќе

Кој ќе го замени Жиру во Милан?

Читај повеќе

Димитријевиќ од следната сезона ќе игра во Евролигата

Читај повеќе

Јунајтед три недели ќе биде без Мегваер

Читај повеќе