Меланија се шета со народни пари, а администрацијата нема плата

Првата дама на САД Меланија Трамп неодамна била на викенд патување во Флорида со претседателскиот авион што се плаќа со народни пари.

Тоа немаше да биде толку чудно ако не се земе предвид фактот дека речиси 800.000 федерални работници не земаат плата поради блокадата на Владата предизвикана од барањето на претседателот Доналд Трамп да му се обезбедат финансии за ѕидот со Мексико.

Меланија летала до приватното одморалиште на претседателот во Мар-а-Лаго на Флорида, само неколку часа откако Трамп ги откажа патувањата на спикерката на Претставничкиот дом Ненси Пелоси до Брисел и до американските војници во Авганистан, поради ограничените средства што резултираат од блокадата на владата, најдолга во историјата на земјата.

Џејк Шерман од Politico дознал за летот од контролата на лет, откако било забележано дека лет под шифра EXEC1F (што означува дека претседателскиот авион е во употреба, но го користи член на семејството, не претседателот) полетува од воздушната база Ендрјуз во Мериленд кон Палм Бич, град на неколку километри оддалеченост од Мар-а-Лаго.

Според проценките на The Washington Post, кој се повикува на извештај за Отчет на Владата за 2016 година, едно патување до Палм Бич може да чини до 3,6 милиони долари, вклучувајќи ги трошоците за пат и обезбедување.

Трамп го одложи закажаното седумдневно патување на Пелоси до Брисел, Египет и Авганистан, а како причина за тоа ја наведе делумната блокада на одредени владини служби.

„Ќе го презакажеме патувањето кога ќе заврши блокадата. Со оглед на тоа дека 800.000 одлични американски службеници не земаат плата, сигурен сум дека одложување на настан за одржување односи со јавноста е сосема соодветно“, рече Трамп преку соопштение.

Но, се чини за Меланија има пари, а за политичарите избрани од народот кои ѝ служат на државата, како Ненси Пелоси, нема.

реклама

Свет

Путин издаде наредба: Вооружените сили на Русија ќе вежбаат употреба на нуклеарно оружје

Read more

48 лица загинаа во страшна несреќа во Кина, Кинезите го слават херојскиот потег на камионџијата

Read more

Русија распиша потерница по Зеленски, се огласи Украина

Read more

НАТО започна огромни вежби, за Русија: Тоа е подготовка за војна

Read more
 

Вести

Снопче ги праша ДУИ: Со која партија ќе формирате влада и зошто не го поддржувате Пендаровски во вториот круг?

Читај повеќе
  • play_arrow

Мојсоска: Усеини од ДУИ доби 500.000 евра од ДПМНЕ во Охрид

Читај повеќе

СДСМ: Граѓаните масовно да излезат на изборите на 8 ми мај, се одлучува за иднината

Читај повеќе

На полноќ настапува молк пред вториот круг од претседателските и парламентарните избори

Читај повеќе

Путин издаде наредба: Вооружените сили на Русија ќе вежбаат употреба на нуклеарно оружје

Читај повеќе

Православните верници денеска слават втор ден Велигден и Ѓурѓовден

Читај повеќе

Во мај уште еден продолжен викенд

Читај повеќе

Демократски сојуз ги повикува граѓаните да гласаат за Силјановска и ВМРО-ДПМНЕ

Читај повеќе

Времето денеска сончево, од среда пороен дожд и грмежи

Читај повеќе