Мелбурн го надмина Сиднеј како најголем град во Австралија

Макфакс
/ 17.04.2023 / 16:30

Поради воведените промени на границите на градот, Мелбурн го надмина Сиднеј по бројот на жители за прв пат по златната треска во XIX век. Имено, поради сѐ поголемиот број на жители, границата на Мелбурн е проширена и на областа Мелтон.

Според најновите владини бројки од јуни 2021 година, Мелбурн сега има 4.875.400 жители, што е за 18.700 повеќе од Сиднеј.

„Според дефиницијата на пописот во 2021 година, главната област на Сиднеј имаше поголем број жители од Мелбурн. Сепак, со спојување на Мелтон со Мелбурн во најновата класификација, Мелбурн има повеќе жители од Сиднеј, и тоа од 2018 година“, рече Ендрју Хау од ABC за The Sydney Morning Herald, како што пренесе BBC.

Властите, сепак, предвидуваат дека пошироката област на Мелбурн ќе ја надмине пошироката област на Сиднеј во 2031 или 2032 година. Ова не е првпат Мелбурн да ја носи титулата најголем град во Австралија. За време на златната треска од крајот на XIX век, што предизвика многумина да се упатат кон сојузната држава Викторија, населението на Мелбурн значително се зголеми и до 1905 година беше поголем од Сиднеј.

Тагови
реклама

Свет

AstraZeneca призна дека нејзината вакцина против COVID-19 може да предизвика несакани ефекти

Read more

Пивската партија влегува во изборната трка во Австрија

Read more

Шарл Мишел: ЕУ и кандидатите да бидат подготвени за проширување до 2030 година

Read more

Снимка од руски војник стана вирална: Добредојдовте во пеколот

Read more
 

Вести

Мицкоски до Османи: Слоганот не е шовинистички туку означува дека ќе ја вратиме Македонија на народот, кој вие од власта го крадете

Читај повеќе

Изложба: Четирите мајстори на модернизмот

Читај повеќе

31-годишна скопјанка нападната во спортска обложувалница во Центар

Читај повеќе

Скопјанец пукал со воздушна пушка и ја погодил мачката на соседот, полицијата му го одзеде оружјето

Читај повеќе

Дозволена екстрадицијата на Љупчо Палевски

Читај повеќе

ДУИ: Вокабуларот како оној на Мицкоски е агенда на Москва и Путин

Читај повеќе
  • filter

ЕВН и Макпетрол ќе постават 10 брзи полначи за електрични возила низ цела Македонија

Читај повеќе

Ќе ги разгледаме ставовите на маса – Меџити и Мицкоски сѐ уште не разговарале за уставните измени

Читај повеќе

Ја ограничија цената на руската нафта – не функционира!

Читај повеќе