Мемоарите на Пери открија бизарна омраза кон Киану Ривс

Мемоарите на Метју Пери насловени како „Friends, Lovers and the Big Terrible Thing“ излегуваат на 1 ноември, а веќе со денови протекуваат детали од книгата, од кои некои се доста тешки, па дури и шокантни.

Познатиот актер кој се прослави со улогата на Чендлер Бинг во мега популарната серија „Friends“ на хартија ги преточи своите приказни, како онаа за тешката борба со зависноста од алкохол и дрога, а напиша и дека поради прекумерната употреба на наркотици животот буквално му виси на конец. Пишува и дека потрошил милиони долари на одвикнување (наводно 15 пати бил на рехабилитација, за што потрошил 9 милиони долари), како дебелото црево му пукнало од злоупотреба на опиоидни лекови, како завршил во болница и две недели бил во кома, како речиси умрел (лекарите му дале два дена живот) и уште многу други интересни работи.

Меѓутоа, во книгата открива и една прилично бизарна работа. Проблематичната ѕвезда од „Friends“ својот прв филм го сними во 1988 година со наслов „A Night in the Life of Jimmy Reardon“, заедно со тогаш 18-годишниот Ривер Феникс, долгогодишен најдобар другар на Киану Ривс и брат на Хоакин Феникс.

Пери во својата книга пишува за смртта на Феникс поради предозирање (кога имал само 23 годиони) во 1993 година: „Ривер беше прекрасен човек одвнатре и однадвор и премногу убав за овој свет, така се покажа. Се чини дека секогаш паѓаат навистина талентираните момци. Зошто оригиналните мислители како Ривер Феникс и Хит Леџер умреа, а Киану Ривс и натаму се шета меѓу нас?“.

И додека целиот свет го обожава Ривс поради неговите едноставности, добрина и несебичност, Пери на уште едно место во книгата го чепка неговиот колега, и тоа по смртта на актерот Крис Фарли. Додека се бореше со зависноста кога беше на врвот на славата во серијата „Friends“, Пери потпиша договор за снимање на комедијата „Almost Heroes“ каде беше главна улога заедно со Крис Фарли. Откако во 1997 година Фарли почина од предозирање, Пери бил депресивен и збунет, но повторно помислил на тоа дека не е фер што Ривс сѐ уште е жив.

Remote video URL

„Кога дознав удрив со раката в ѕид и направив дупка во ѕидот од гардероберот на Џенифер Анистон. А Киану Ривс сѐ уште оди меѓу нас“, напишал Пери.

Да биде ова уште поинтересно, Пери и Ривс според IMDb никогаш заедно не глумеле, па оттаму и не е јасно како се створила толкава омраза во Пери кон еден од најомилените глумци на денешницата.

реклама

Филм & ТВ

Мартин Фримен проговори за секс сцената со 30 години помладата Џена Ортега

Read more

Како изгледа денес Роуз која го демнеше Чарли во Two and a Half Men

Read more

Пенелопе Крус важи за една од најубавите актерки, со години е на посебна диета

Read more

Новиот Lion King ја раскажува приказната за Муфаса

Read more
 

Сцена

  • play_arrow

Скопје ќе биде домаќин на Светското првенство во хип хоп

Читај повеќе
  • play_arrow

Мартин Фримен проговори за секс сцената со 30 години помладата Џена Ортега

Читај повеќе

Како изгледа денес Роуз која го демнеше Чарли во Two and a Half Men

Читај повеќе

Пенелопе Крус важи за една од најубавите актерки, со години е на посебна диета

Читај повеќе
  • play_arrow

Новиот Lion King ја раскажува приказната за Муфаса

Читај повеќе
  • play_arrow

Топ 10 најпиратирани филмови на неделата

Читај повеќе
  • filter

28 април 1980 – родена е македонската поп-ѕвезда Каролина Гочева

Читај повеќе

Ар Кели осуден на уште 20 години затвор за сексуално злоставување деца

Читај повеќе
  • play_arrow

Погледнете го трејлерот за хоророт The Exorcism со Расел Кроу

Читај повеќе