Меси го победи Роналдо во последната пресметка

Францускиот шампион ПСЖ, предводен од Лионел Меси, во пресметката во Ријад пред 60.000 гледачи со 5:4го победи тимот составен од Ал Наср и Ал Хилал за кој игра Португалецот Кристијано Роналдо.

 

Егзибицискиот натпревар меѓу тимот Riyadh Season составен од играчи на саудиските клубови Ал Наср и Ал Хилал на чело со Португалецот Кристијано Роналдо, и францускиот шампион Пари Сен Жермен на чело со Аргентинецот Лионел Меси предизвика голем интерес кај саудиската јавност.

Сите сакаа да отидат на стадионот, локалните медиуми објавија дека имало повеќе од два милиони нарачки однапред за билети. Француските медиуми пренесуваат дека ПСЖ за гостувањето во Ријад добил околу 10 милиони евра. Ова беше дури 37-мо соочување на двајца фудбалери кои одбележаа една фудбалска ера.

Веројатно последната пресметка

За жал, тоа беше можеби „последниот танц“ меѓу Роналдо и Меси, иако се шпекулира дека по Португалецот, и Аргентинецот би можел да ја продолжи кариерата во Саудиска Арабија. Договорот на Меси со парискиот тим истекува летово, а дел од медиумите наведуваат дека Ал Хилал е подготвен да му плати 250 милиони евра по сезона за да им се приклучи и да му се спротивстави на Ал Наср во чиј дрес ќе игра Роналдо.

На 37 меѓусебни натпревари и двајцата постигнале 23 гола, Аргентинецот победил 17 пати, Португалецот 11 пати, а девет натпревари завршиле без победник. Одиграа најмногу натпревари во Ла Лига, 18 натпревари, шест пати се соочија во Лигата на шампионите, пет во Купот на Шпанија, пет во Суперкупот на Шпанија, двапати на пријателски натпревари меѓу репрезентациите и еднаш на егзибициски натпревар меѓу клубовите.

URL

Голеада

ПСЖ поведе во третата минута со голот на Лионел Меси, по одличното додавање на Нејмар. Роналдо израмни во 34. минута од пенал, постигнувајќи го својот прв гол во Арабија. Само пет минути подоцна, францускиот шампион остана со играч помалку откако Хуан Бернат беше исклучен поради прекршокот над Салем Ал Даусари, кој излезе сам пред Кејлор Навас.

Но, со играч помалку ПСЖ дојде до нова предност во 43. минута, а голот го постигна Маркињос. Во судиското надополнување, францускиот шампион беше досуден пенал, но Ал Овејс го одбрани ударот на Нејмар. Во последните моменти од првото полувреме Роналдо погоди за 2:2. Сауд Абдулхамид нафрли, а Португалецот погоди со глава.

ПСЖ во 53. стигна до нова предност. Килјан Мбапе брилијантно мина по крилната страна, нафрли во шеснаесетникот, а Серхио Рамос со нога погоди за 3:2. Три минути подоцна веќе беше 3:3, овој пат стрелец беше Џанг Хјун-Со.

Францускиот шампион по четврти пат поведе во 60. минута, откако Мбапе реализираше нов удар од белата точка. Хуго Екитике во 78. го постигна петтиот гол за францускиот тим. Конечниот резултат 5:4 го постави Андерсон Талиска во четвртата минута од судиското надополнување. Роналдо играше до 61. минута, а Меси, Нејмар и Мбапе една минута подолго.

Remote video URL
реклама

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Read more
Најубавите велигденски пораки

Најубавите велигденски пораки

Read more

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more

Фудбал

Хаос во холандската лига: Не се знаеше кој слави, кој плаче

Read more

Заслужено или не? Фудбалер на Манчестер Сити прогласен за најдобар во Премиер лига

Read more

Модриќ има „план Б“ во случај да замине од Реал

Read more

Намалена казната на „комарџијата“ Тонали, познато е кога се враќа на терен

Read more
 

Спорт

Тренерот на Лејкерс доби отказ: Последниве две години беа пеколни

Читај повеќе
  • play_arrow

Хаос во холандската лига: Не се знаеше кој слави, кој плаче

Читај повеќе

Заслужено или не? Фудбалер на Манчестер Сити прогласен за најдобар во Премиер лига

Читај повеќе

Модриќ има „план Б“ во случај да замине од Реал

Читај повеќе
  • play_arrow

Тајсон пред големата борба: Тешко му е без секс и марихуана

Читај повеќе
  • play_arrow

Спектакуларниот Брансон го донесе Њујорк во полуфиналето на Истокот, крај за Бакс

Читај повеќе
  • filter

Грчка новинарка влезе во историјата на Евролигата: Тука сум да кршам стереотипи

Читај повеќе

Намалена казната на „комарџијата“ Тонали, познато е кога се враќа на терен

Читај повеќе
  • filter

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Читај повеќе