Met Gala 2016: Спој на технологија и мода
Синоќа се одржа годинешниот Met Gala бал - настанот со добротворна цел, што ги собра најголемите ѕвезди од светот на филмот, телевизијата, модата и музиката, во њујоршкиот музејот на уметност. Овогодинешниот дрес-код беше поврзан со технологијата, односно од гостите беше побарано да ја прикажат својата интерпретација на модата во доба на технологија, преку својата облека.
На црвениот тепих доминираат извонредни металик тоалети, со сребрени и златни елементи, футуристички дизајни, додека пак некои решија да не експериментираат и да облечат нешто поконвенционално за нив. Во галеријата погледнете дел од модниот избор на присутните Бијонсе, Џиџи Хадид, Кендал Џенер, Ема Вотсон, Кејти Пери, Сиена Милер, Ема Вотсон, Лорде, Ема Стоун, Синди Крафор, најпознатите ангели на Victoria's Secret и многу други.