Мицкоски вети дека автопатот Кичево-Охрид ќе се заврши за 2 години ако дојде на власт

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, вети дека кога ВМРО-ДПМНЕ ќе дојде на власт до 2026 година ќе бидат завршени автопатот Кичево-Охрид и експресните патишта.

Mицкоски на вчерашната дебата „Инфраструктурна платформа за иднина“ на тема „Концепт за инвестиции во инфраструктурата“ која што се одржа во Другово, Општина Кичево, рече дека со ВМРО-ДПМНЕ ќе биде многу поразлично од она што беше до сега.

„Досега буквално немаме никакви победи како народ, како држава, туку нижеме порази, декаденција, срам, понижување, криминал, пљачка насекаде. И најчесто дури и оние малку проекти кои што беа реализирани во делот на инфраструктурата се проследени со многу сомнежи за сторен криминал и корупција“, рече претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и додаде дека кога ќе дојдат на власт сиот криминал и корупција што се случил во делот на инфраструктурата детално ќе се истражи и ќе има одговорност за тоа.

„Видеото 'Стани Благоја, да те види сала' заврши со една наредба која што требаше да биде реалност, а тоа е да автопатот Кичево-Охрид да биде завршен во јануари 2024 година. Сега сме веќе втора половина на февруари месец, а од автопатот нема ниту А. И е невозможно да има крај на тој проект во јануари 2024 година. Зошто? Затоа што во овој момент кога ќе направите детална анализа и пресек до каде се градежните активности ќе заклучите дека тој е некаде 70-ина проценти завршен од тоа што треба да биде 100%. Значи, имаме некаде од прилика 30-ина проценти. И ние детално подготвувајќи се за оваа трибина, анализирајќи ја состојбата во која што денеска се наоѓа оваа патна делница истовремено имајќи јасен приказ со што располагаме како градежен капацитет можеме да излеземе со ветување кое што ќе биде дел од програмата на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата дека целосната делница ќе биде завршена и пуштена во употреба втората половина или би рекол крајот на 2026 година“, вети Мицкоски.

Во врска со патиштата што ги градат Bechtel и ENKA, Мицкоски изјави дека ВМРО-ДПМНЕ е подготвено да разговара со нив за трошоците кои дополнително би можеле да се зголемуваат.

„Мотивирани од сите овие проблеми, антиципирајќи ги можеби сличните вакви проблеми, сакаме да седнеме и на една фер основа, партнерска основа да постигнеме договор и да го завршиме овој проект. Ние не сме против градење, бидејќи сите овие патни делници биле дел од програмите на ВМРО-ДПМНЕ и во минатото, туку сакаме тоа да биде најекономично, најоптимално и најисплатливо за македонските граѓани“, рече Мицкоски.

„Експресниот пат од Градско преку Росоман завршува до Прилеп, тоа е во три фази. Третата не е почната, но првите две фази гледате дека се градат со години. Ние како ВМРО-ДПМНЕ со правилен менаџмент, теренски со јасен план овој проект планираме во 2026 година да го завршиме и на тој начин Градско, Росоман до Прилеп ќе биде поврзана делницата со што ќе биде зголемена безбедноста“, рече тој.

Во текот на дебатата, Мицкоски спомена и за двата километра од Блаце кон Скопје кои што сѐ уште се градат и не верува дека ќе бидат изградени од страна на оваа власт.

„За да го поврземе граничниот премин Блаце со Скопје, имаме уште една делница од 10 и половина километри, делот кој што треба да го поврзе Скопје со овој граничен премин, и имајќи ја в предвид ситуацијата во која што сега се наоѓа, имајќи предвид техничките можности, од прилика реално е да се очекува дека до крајот на мандатот на идната влада на ВМРО-ДПМНЕ и тоа ќе биде завршено. И на тој начин Скопје ќе биде поврзан со граничниот премин Блаце“, укажа тој.

Мицкоски додаде дека во првата година од мандатот на идната влада на ВМРО-ДПМНЕ ќе биде завршен и експресниот пат кој што Ранковце го поврзува со Крива Паланка. А, исто така две многу значајни патни делници ќе бидат испроектирани до ниво на проект, а тоа е поврзувањето со експресен пат на Струмица и граничниот премин Ново Село, и истовремено автопатската делница од Велес преку Чашка до Прилеп.

реклама

Македонија

Мицкоски до Османи: Слоганот не е шовинистички туку означува дека ќе ја вратиме Македонија на народот, кој вие од власта го крадете

Read more

ДУИ: Вокабуларот како оној на Мицкоски е агенда на Москва и Путин

Read more

ЕВН и Макпетрол ќе постават 10 брзи полначи за електрични возила низ цела Македонија

Read more

Ќе ги разгледаме ставовите на маса – Меџити и Мицкоски сѐ уште не разговарале за уставните измени

Read more
 

Вести

Мицкоски до Османи: Слоганот не е шовинистички туку означува дека ќе ја вратиме Македонија на народот, кој вие од власта го крадете

Читај повеќе

Изложба: Четирите мајстори на модернизмот

Читај повеќе

31-годишна скопјанка нападната во спортска обложувалница во Центар

Читај повеќе

Скопјанец пукал со воздушна пушка и ја погодил мачката на соседот, полицијата му го одзеде оружјето

Читај повеќе

Дозволена екстрадицијата на Љупчо Палевски

Читај повеќе

ДУИ: Вокабуларот како оној на Мицкоски е агенда на Москва и Путин

Читај повеќе
  • filter

ЕВН и Макпетрол ќе постават 10 брзи полначи за електрични возила низ цела Македонија

Читај повеќе

Ќе ги разгледаме ставовите на маса – Меџити и Мицкоски сѐ уште не разговарале за уставните измени

Читај повеќе

Ја ограничија цената на руската нафта – не функционира!

Читај повеќе