Мицотакис: Договорот од Преспа не го решава, туку го интензивира проблемот

Атина, 17 ноември 2018 (МИА) – Договорот од Преспа не го решава проблемот, туку го интензивира, не го архивира, туку го одржува, рече Кирјакос Мицотакис, претседателот на најголемата грчка опозициска партија Нова демократија во обраќањето на крајот од третиот „Thessaloniki summit“, јави дописничката на МИА од Атина.

Мицотакис од Солун, уште еднаш го повтори ставот дека неговата партија нема да го поддржи Договорот од Преспа, објаснувајќи зошто тие сметаат дека договорот меѓу двете земји е лош договор.

„Уште еднаш ќе кажам, Договорот од Преспа е лош договор. Нова демократија нема да гласа ниту во сегашниот парламент, ниту во следниот, доколку не биде ратификуван во овој парламент. Оние работи што сега веќе се гласаат во Скопје,  се полоши и од почетниот текст договорен меѓу господинот Ципрас и господинот Заев, како што отпосле беше принуден да признае дури и господинот Коѕијас, основниот преговарач за договорот. На кратко, Договорот од Преспа не го решава проблемот, туку го интензивира, не го архивира, туку го одржува, надополнувајќи го со дополнителни негативни завршени работи за иднината“, рече Мицотакис и додаде дека „погрешните управувања од страна на владата, за жал веќе ги отруја општествата и од двете страни“.

Со оглед на тоа дека говореше на самитот организиран од Федерацијата на индустрии од Северна Грција, Мицотакис се задржа и на економскиот аспект на Договорот од Преспа за кој смета дека е негативен.

„Договорот Ципрас- Заев е договор што не им служи на нашите национални интереси и во областа на економската соработка, нешто што особено ве интересира. Мојата процена е дека на крај ќе создаде повеќе проблеми од тоа што се претпоставува дека ќе реши“, рече Мицотакис и ги потсети присутните на податоците од минатата година дека Грција е трет најголем снабдувач и трет по големина трговски партнер на Македонија.

Лидерот на Нова демократија ги спомена и областите во кои има трговска размена, но и „милионите пристигнувања од соседната земја“.

„Сѐ ова што ни кажува? Покажува дека и покрај 25-годишното национално нерешено прашање во нашите билатерални односи, и покрај речиси 10 годишната криза во Грција, и покрај големите технички, административни проблеми на царините, нашите економски односи останаа блиски.  Како што во суштина остана пријателски и односите на двата народи, кои во суштина не беа никогаш нарушени, иако постоеше ова нерешено прашање“, рече Мицотакис и изрази стравување дека можеби овие односи сега се повредени поради Договорот од Преспа.

Лидерот на најголемата грчка опозициска партија, говорејќи за регионот и земјите од Балканот рече дека Нова демократија ја поддржува европската перспектива, но само доколку се исполнат предусловите.

„Грција, јас лично и секако Нова демократија ја поддржуваме европската перспектива на Западен Балкан , но непроменлив  предуслов за успешно да се заврши овој тек е комплетна усогласеност со европското законодавство. Во ова е вклучено не само владеењето на правото, туку и правилата на добрососедски односи, но и почитувањето на правата на националните малцинства“, истакна претседателот на Нова демократија.

Мицотакис порача дека 100 години по крајот на Првата светска војна никогаш не треба да се заборави дека „едно е здравиот патриотизам, а друго национализмот“, бидејќи, како што рече, патриотизмот дозволува градење мостови на соработка, а национализмот води до градење ѕидови на изолација, нешто што според лидерот на Нова демократија, особено важи за регионот на Балканот.

реклама

Регион

Руски хакери ги нападнаа веб-страниците на косовските институции

Read more

Советот на Европската Унија го усвои планот за раст за Западен Балкан

Read more

Хрватска поради платата е привлечна за балканските работници

Read more

Една година од масакрот во „Рибникар“ во Белград, беа убиени девет ученици и чувар

Read more
 

Вести

Бонови за точење гориво, оштетени банери, поткуп и мито: Пријавени нерегуларности за време на предизборниот молк

Читај повеќе

Даштевски: Нема бојкот, сите што излегле на парламентарни, гласале и за претседател

Читај повеќе

Масивен ракетен напад врз Украина, Зеленски: Светот не смее да му даде шанса на новиот нацизам

Читај повеќе

Променливо облачно, попладне пороен дожд, грмежи и засилен ветер

Читај повеќе

Руски хакери ги нападнаа веб-страниците на косовските институции

Читај повеќе

Три лица се обиделе да влезат во објект каде што се чува изборен материјал, не е причинета штета

Читај повеќе

Самостојна изложба на Камуран Горанци, Код 4

Читај повеќе

Венеција за само 11 дена заработи огромна сума на пари со наплата на влезници

Читај повеќе

Хамас ќе предаде 33 заложници, некои од нив се мртви

Читај повеќе