Мицотакис: Нашиот став за Косово не се менува

Премиерот на Грција, Кирјакос Мицотакис, изјави дека нивниот став во однос на Косово не е променет и дека Грција со загриженост ги следи настаните.

„Нашиот став во однос на Косово останува непроменет, сметаме дека европското посредување и дијалог се единствениот начин за нормализирање на односите меѓу двете страни и тоа значително би помогнало за стабилноста во регионот, што е цел на сите нас. Со загриженост ги следиме настаните од последните месеци“, рече Мицотакис на прес-конференцијата по средбата со претседателот на Србија, Александар Вучиќ.

Мицотакис додаде дека неговата земја е веројатно најстабилна во поддршката на Србија на патот кон членството во Европската Унија и дека е сигурен оти Белград ќе ги искористи позитивните околности во пристапната процедура.

„Иднината на Србија и Западен Балкан е во ЕУ, а ЕУ не може без Западен Балкан и Србија“, нагласи грчкиот премиер.

Вучиќ изјави дека на денешната средба во Белград на Мицотакис му пренел дека Србија е цврсто посветена на забрзување на европскиот пат и дека тоа не е само формална реченица изречена од политичарите, туку прашање од суштинско значење за земјата.

„Но, и во Европа треба да разберат дека очекуваме јасни сигнали дека нè сакаат“, посочи Вучиќ во своето обраќање пред новинарите и додаде дека се разговарало за сите аспекти на односите меѓу двете земји.

Вучиќ истакна дека Грција е еден од значајните, важни и искрени поддржувачи на Србија на нејзиниот европски пат, а двете земји негуваат добри, пријателски и братски односи.

Вучиќ рече дека Србија и Грција секогаш меѓусебно се поддржувале во однос на територијалниот интегритет и оти верува дека тоа ќе биде така и во иднина.

Грција е една од земјите кои не ja признаваат независноста на Косово. Од останатите членки на ЕУ не го признаваат Косово уште и Кипар, Романија, Словачка и Шпанија.

Тагови
реклама

Изгласана недоверба на делегатите на УСС УКИМ

Read more

Не се јајца: Нутриционист откри кој е најздравиот појадок

Read more

Земјотрес во тенисот – Ѓоковиќ и колегите поднесоа тужба

Read more

Митева: Во Скопје само 2 објекта од вкупно 13 имаат важечка лиценца за кабаре

Read more

Регион

Српскиот министер призна дека полицијата има звучен топ

Read more

Хрватска, Албанија и Косово потпишаа декларација за зајакнување на одбранбената соработка

Read more

Вучиќ: Ако бил употребен звучен топ, јас повеќе не сум претседател

Read more

За Марибор тргна и вториот авион, носи уште двајца пациенти од пожарот во Кочани

Read more
 

Вести

Апасиев бара оставка од Тошковски по пожарот во Кочани: Фалц-лиценцата е обновена во ваше време

Читај повеќе

Middle East Eye: Емиратите тајно лобираат за раселување на Палестинците од Газа

Читај повеќе

АВМУ: Медиумите да не прават сензација од известувањето за погребите на жртвите во пожарот во Кочани

Читај повеќе

Адвокатот Марјан Витановски се откажа од одбраната на Љупчо Палевски Палчо

Читај повеќе

Добра вест е што поминаа критичните 72 часа и не почина ниту еден од преживеаните, рече Таравари

Читај повеќе

Приведен сопственик на ноќен клуб од Куманово, пронајдени пиротехнички средства

Читај повеќе

ЕУ денеска ќе го објави планот за спротивставување на Русија

Читај повеќе
  • play_arrow

Српскиот министер призна дека полицијата има звучен топ

Читај повеќе

Андреј и Сара од ДНК ќе бидат погребани утре во Скопје

Читај повеќе