Минималната плата со мартовската исплата ќе биде 20.175 денари

Минималната плата што досега изнесуваше 18.000 денари од следниот месец ќе биде повисока за 2.175 денари и годинава бележи пораст од 12,55 проценти. Согласно со Законот за административни службеници, како што најави денеска премиерот Димитар Ковачевски, ќе се изврши усогласување и на платите на 27.000 службеници.

- Како што ветивме, од април минималната плата ќе биде повисока за 2.175 денари и ќе изнесува 20.175 денари. Тоа значи дека над 12 проценти имаме зголемување на основната, минимална плата. Согласно Законот за административни службеници, ќе се усогласат останатите плати за 27.000 службеници, изјави Ковачевски по седницата на Економско-социјалниот совет.

Зголемувањето на минималната плата е направено согласно новата методологија за усогласување донесена во 2022 година по преговорите меѓу Владата, синдикатите и работодавачите. Согласно новата методологија, минималната плата се усогласува со 50 отсто од трошоците за живот и 50 отсто со растот на просечната плата.

- Минималната плата во 2023 година пораснува за 12,55 проценти. Ова значи дека во државата со исплатата на мартовската плата, нема да има пониска плата од 20.175 денари, изјави министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска.

За вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи, денешното зголемување на минималната плата е показател како преку системско решение и дијалог се утврдува минималната плата.

- Се радувам што дојде денот кога дефинирањето на минималната плата веќе не е предмет на преговори, кавги, уцени и купување на политички поени. Граѓаните ќе добијат за 2.175 денари повисока минимална плата со мартовската исплата на плата. Денеска на ЕСС каде преку дијалог со синдикатите и работодавачите во 2022 година се договривме за системко решение и нова методологија за постојан раст на минималната плата, денес ја утврдиме сегашната минимална плата, изјави Битиќи.

Од Сојузот на синдикати на Македонија ги повикаа работодавачите да ги усогласат останатите плати со висината на минималната плата за да не дојде до урамниловка.

- Сакаме да ги повикаме работодавачите и во приватниот и во јавниот сектор да најдат сили и начин да ги усогласат платите и на останатите вработени за да не дојде до урамниловка каде нема да имаме силно мотивирани работници туку ќе имаме работници кои ќе се споредуваат едни со други за тоа колку плата земаат, изјави Златко Цветковски од ССМ.

Од Организацијата на работодавачите на Македонија изјавија дека поддржуваат системски решенија и дека секогаш се за тоа да се мотивираат и наградуваат добрите работници.

- Ги поддржуваме добрите, продуктивните работници и се стремиме нашите вработени да имаат добра куповна моќ. Ова законско решение е веќе стокмено и немаме потреба да разговараме понатаму за негови измени, меѓутоа мора да разговараме во една друга насока, а тоа е да имаме попродуктивни работници, да имаме млади луѓе кои ќе бидат задоволни и млади луѓе копи ќе сакаат да работат во приватниот сектор, рече Владанка Трајковска, претседателка на ОРМ.

реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Голем хороскоп за МАЈ 2024: Еден знак остварува долгогодишен сон

Read more

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Read more

Знаци кои покажуваат дека страдате од недостаток на калциум

Read more

Македонија

Цената на осигурувањето од автоодговорност се враќа на ниво од пред 25 април

Read more

Сиљановска-Давкова до Пендаровски: Ќе дебатирам со празно столче, последната дебата е закажана за понеделник

Read more

Мицкоски: На СДСМ прогнозите не им излегоа како што тие замислуваа

Read more

ПОЦ: Бесплатен паркинг во Центар за време на Велигденските празници

Read more
 

Вести

Цената на осигурувањето од автоодговорност се враќа на ниво од пред 25 април

Читај повеќе

Сиљановска-Давкова до Пендаровски: Ќе дебатирам со празно столче, последната дебата е закажана за понеделник

Читај повеќе

Мицкоски: На СДСМ прогнозите не им излегоа како што тие замислуваа

Читај повеќе

Макрон: Не исклучувам испраќање војска во Украина

Читај повеќе

Тело на починат маж извадено од Вардар во Велес

Читај повеќе

Избрана е новата Влада на Србија

Читај повеќе

Бајден ги нарече Индија и Јапонија „ксенофобични земји“

Читај повеќе

Кривична против двајца штипјани, истепале полицаец

Читај повеќе

САД воведоа нови санкции кон Русија

Читај повеќе