Министерката Мила Царовска е во изолација поради контакт со заразен од коронавирусот.
Министерката за образование и наука Мила Царовска, поради контакт со позитивно лице, е во изолација, информираат за МИА од Министерството за образование и наука.
Поради тоа на јавната дебата за државната матура организирана од Клубот на младински прашања и политики, што утре треба да се одржи, ќе учествува претставник од МОН.