Министерот за правда Кренар Лога предложи распуштање на Судскиот совет, по скандалозните случувања во ова тело.
„Го осудуваме тоа што се случи во Судскиот совет и сите не загрижува. Очекувам враќање во нормала. Едно од можните решенија е да престане мандатот на сегашниот состав“, рече Лога.
Лога рече дека за да дојде до законските измени, ќе биде потребна согласност и од власта и од опозицијата во Собранието, па според него за можен консензус деновиве ќе разговара со нивни преставници.
Случувањата во Судскиот совет предизвикаа остри критики од јавноста и од меѓународните институции.