Митева: Ако Османи се жали дека не може да преживее со 125.000 денари плата, како ли ќе преживеат 99% од граѓаните

Владата не сакаше да го продолжи рокот за гарантирани цени за храната и за некои безалкохолни пијалаци и од денеска цените во маркетите повторно ќе бидат повисоки и ќе удрат по џебот на граѓаните, кои едвај врзуваат крај со крај и го преживуваат месецот. Во услови кога потрошувачката кошница за едно четиричлено семејство достигна речиси 60.000 денари, пари што ретко кој ги заработува, власта свесно ќе стимулира нов раст на цените за да го земе и последниот денар од граѓаните, рече Марија Митева, портпарол и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

„И додека цените растат и народот не знае како да го помине месецот Ковачевски се фали дека ги зголемил платите, што е врв на глупоста, која е демантирана лично од неговиот министер Бујар Османи. Османи јавно се жали дека платата му е мала и доколку еден месец не земе плата, веќе следниот ќе мора да се задолжи. Ве молам да ја погледнеме изјавата на Османи.

Важно е да се напомене дека платата на Бујар Османи е над 125.000 денари, што е двапати повеќе од една потрошувачка кошница за четиричлено семејство.

Оттука се поставува прашањето, доколку Бујар Османи не може да преживее со плата од 125.000 денари, како тогаш Ковачевски очекува граѓаните кои земаат помала плата од Османи, а тоа се 99% од луѓето во државата да го поминат месецот?

Што треба да кажат граѓаните кои земаат 25.000 денари плата? Каде само еден член од семејството работи или и тие со две плати од по 25.000 денари, кога нивните примања се под потрошувачката кошница?

Доколку платата на Османи е мала, тогаш каква е платата на граѓаните и како тој се чувства како одговорен за состојбите во државата, кога и по 7 години власт тој и владата од која е дел не успеале да направат подобри услови за живот, напротив ги влошиле и го зголемиле бројот на граѓани кои живеат во сиромаштија со по 150 денари на ден.

Изјавата на Бујар Османи е доказ дека во Македонија со СДС и ДУИ тешко се живее и дека власта не создала услови за живеење на граѓаните. Изјавата на Османи е доказ зошто сè повеќе наши сограѓани се иселуваат. Изјавата на Османи е доказ зошто СДС и ДУИ не смее да бидат ниту еден ден повеќе власт.

Со право народот вели дека немаме држава, време е да ја вратиме“, изјави Марија Митева, портпарол и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

Remote video URL
реклама

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Read more

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Македонија

Почувствуван земјотрес во Скопје

Read more

Одбележување 121 година од смртта на Гоце Делчев

Read more

Променливо облачно со повремени врнежи од дожд

Read more

4 мај 1903, загина македонскиот револуционер Гоце Делчев

Read more
 

Вести

Почувствуван земјотрес во Скопје

Читај повеќе

44 години од смртта на Тито: Дали историјата ќе го памти како херој или злосторник?

Читај повеќе

Дали војната во Украина прераснува во светска војна?

Читај повеќе
  • play_arrow

Маж и жена во Шведска запалија Куран

Читај повеќе

Санкциите се видливи: Газпром заврши во минус првпат по повеќе од 20 години

Читај повеќе

Куче паднало во шахта и ги изгризало каблите за интернет на две болници: ЦУК за невообичаената акција во Скопје

Читај повеќе

Одбележување 121 година од смртта на Гоце Делчев

Читај повеќе

Тепачка во Чаир: случајот го пријавила 28-годишна девојка која била меѓу нападнатите

Читај повеќе

Променливо облачно со повремени врнежи од дожд

Читај повеќе