Мјанмар: Полицијата ја обвини Аунг Сан Су Ќи за илегален увоз на комуникациска опрема

Полицијата во Мјанмар денеска поднесе обвинение против Аунг Сан Су Ќи за нелегален увоз на опрема за комуникација и ќе биде во притвор до 15 февруари заради истрагата, објави Reuters, повикувајќи се на полициски документи.

Во полициското барање до судот се наведуваат детали за обвиненијата против 75-годишната добитничка на Нобеловата награда за мир, а при претресот на нејзиниот стан биле пронајдени воки-токи уреди, увезени нелегално и користени без дозвола.

Затоа полицијата бара притвор за Су Ќи со цел „да се испитаат сведоците, да се побараат докази и правни совети откако обвинетата ќе даде исказ“. Националната лига за демократија (НЛД), партијата Аунг Сан Су Ќи, објави на Facebook дека приведената лидерка е обвинета според одредбите на Законот за увоз и извоз.

Полицијата поднесе обвинение и против претседателот Вин Минт, кој, како што тврди полицијата, го прекршил законот за управување со кризи.

Агенцијата ДПА известува, повикувајќи се на извештаи објавени на социјалните мрежи, дека новите воени лидери на Мјанмар планираат да ја обвинат сегашната лидерка на земјата Аунг Сан Су Ќи за предавство.

Тагови
реклама

Балканско-Кавкаска песна на Евровизија

Read more

Левица се закани: Ако сакате војна, ќе ја добиете, ама ќе биде сиромашни против богати

Read more

6 неочекувани намирници што треба да се чуваат во фрижидер

Read more

Франција претстави нов дрон камиказа, може да лета со брзина од 400 км/ч

Read more

Свет

Студентски протести за Газа почнаа во Белгија и Холандија

Read more

Што да очекуваме по денешната инаугурација на Путин?

Read more

Италија: Лани лично го предупредивме Зеленски, контраофанзивата беше грешка

Read more

Путин издаде наредба: Вооружените сили на Русија ќе вежбаат употреба на нуклеарно оружје

Read more
 

Вести

Студентски протести за Газа почнаа во Белгија и Холандија

Читај повеќе

Што да очекуваме по денешната инаугурација на Путин?

Читај повеќе

Италија: Лани лично го предупредивме Зеленски, контраофанзивата беше грешка

Читај повеќе

Цените на нафтата се задржаа над 83 долари

Читај повеќе

Доаѓа нестабилно време со пороен дожд и грмежи

Читај повеќе

Мицкоски: Да излеземе да гласаме, за да не можат да нѐ уценуваат никогаш повеќе

Читај повеќе

Левица се закани: Ако сакате војна, ќе ја добиете, ама ќе биде сиромашни против богати

Читај повеќе

Мисајловски: На 8 мај да ставиме печат на историската победа

Читај повеќе
  • play_arrow

Димитриевски: Го поддржав Пендаровски во минатиот мандат, но истата грешка нема да ја повторам

Читај повеќе