Четириесетгодишен мотоциклист загина во сообраќајна несреќа што се случила вчеравечер во Битола.
Според информациите на МВР, во несреќата загинал И.Г. од битолско Горно Оризари.
Во сообраќајката учествувале автомобил „голф 3“ со битолски ознаки управуван од 29-годишниот А.К. и мотор „хонда“, кој го возел И.Г.
Од добиените повреди тој починал на самото место, а по наредба на јавен обвинител телото е предадено на обдукција.