Мухамед Зекири не се чувствува виновен

Поранешниот секретар на Владата, Мухамед Зекири, во Основниот кривичен суд Скопје денес изјави дека не се чувствува виновен за делото кое му се става на товар. Од друга страна, обвинителката Катерина Коларевиќ изјави дека со материјалните и вербални докази, како и вешт наод, ќе го докажат товарот.

Според обвинението, Зекири како службено лице генерален секретар на Владата, со умисла извршил две временски поврзани дејствија што претставуваат повеќекратно остварување на исто дело.

– Обвинетиот Мухамед Зекири извршувал именувана функција генерален секретар на Влада на Република Северна Македонија и како носител на таква државна фунција го сторил кривичното дело во рамките на кое со умисла, што значи свесно и со своја волева намера, не спровел соодветни постапки за јавни набавки како што истото е предвидено согласно Законот за јавни набавки во Република Северна Македонија, а двете конкретни услуги се однесуваат на вршење на договори за консултантски услуги, рече обвинителката.

Таа појасни дека првиот случај се работи за консултантни услуги за реконстуирање на АД Пошта во државна сопственост, а второто за консултантски услуги за поддршка на процесот на потенцијална приватизација на „ЖРСМ Транспорт“ АД Скопје.

– Обвинителството ќе докаже дека иако обвинетиот Мухамед Зекири, како генерален секретар на Влада, со заклучок на Владата бил задолжен да спроведе постапка во рамките на која ќе се ангажира фирма, поточно консултантска куќа, која што ќе го даде предлог моделот за реконструирање на АД „Пошта на Република Северна Македонија“, во државна сопственост, тоа не значи дека Владата го ослободила сега обвинетиот како генерален секретар, од неговата одговорност да ги почитува законите во Република Северна Македонија донесени од страна на нејзинот законодавен дом, односно, со ваквиот заклучок не му дала одврзани раце да склучува договори во четири очи со правни лица за кои истиот мислел дека се компетентни да ја вршат услугата која што била предмет на договорот, рече таа.

Обвинителката дополни дека обвинителството ќе докаже дека правното лице кое е договорена страна на договорот за консултантски услуги за АД Пошта, „Интерхолдинг“ ДОО всушност е правно лице основано во земјава непосредно пред склучувањето на договорот и кое што, како што посочи, реално, од доказите кои обвинителството ги обезбеди, во неговото пријавено седиште во Скопје не обавува никаква дејност.

Таа потсети дека истражната постапка, која покрај обвинетиот Мухамед Зекири, се водеше и против две други лица државјани на Хрватска, е во прекин, поради нивната недостапност на органите на прогон.

Зекири се товари дека преку овие дејствија го оштетил државниот буџет за 89.385.255,00 денари.

Одбраната на обвинетиот Зеќири во своите воведни зборови денес кажа дека во текот на постапката ќе докаже дека обвинетиот не го сторил кривичното дело кое му се става на товар.

– Одбраната во текот на постапката ќе докаже дека обвинетито не го сторил кривичното дело кое му се става на товар, дека во неговите дејстивја нема инкриминирачки елемнти и во поглед на законска дозволеност на неговите дејствија што му се става на товар и во поглед на евентуалната штета, рече адвокатот Владимир Андреевски.

Според него, она што го слушнавме како обвинителен акт и во писмена форма и на денешната презентација е, како што рече „полуполитички говор за некакви принципи, цели, и други начелни прашања“.

– А никаде не слушнавме, ниту видовме, која законска одредба е прекршена од страна на обвинетите, односно, каква повреда конкретна и на кој материјален закон е направена за да му се стави на товар, рече тој.

Одбраната посочи дека очекува ослободителна пресуда за обвинетиот Мухамед Зеќири.

Процесот го води судијката Фанка Јанчулева – Михаиловска, судењето продолжи со изведување на материјални докази од Обвинителството. 

реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Голем хороскоп за МАЈ 2024: Еден знак остварува долгогодишен сон

Read more

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Read more

Знаци кои покажуваат дека страдате од недостаток на калциум

Read more

Хроника

Тело на починат маж извадено од Вардар во Велес

Read more

Кривична против двајца штипјани, истепале полицаец

Read more

Над 150 пијани возачи затекна полицијата на 1 Мај

Read more

Ископана човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје

Read more
 

Вести

Цената на осигурувањето од автоодговорност се враќа на ниво од пред 25 април

Читај повеќе

Сиљановска-Давкова до Пендаровски: Ќе дебатирам со празно столче, последната дебата е закажана за понеделник

Читај повеќе

Мицкоски: На СДСМ прогнозите не им излегоа како што тие замислуваа

Читај повеќе

Макрон: Не исклучувам испраќање војска во Украина

Читај повеќе

Тело на починат маж извадено од Вардар во Велес

Читај повеќе

Избрана е новата Влада на Србија

Читај повеќе

Бајден ги нарече Индија и Јапонија „ксенофобични земји“

Читај повеќе

Кривична против двајца штипјани, истепале полицаец

Читај повеќе

САД воведоа нови санкции кон Русија

Читај повеќе