Муниција и дрога пронајдени во дом на скопјанец

Скопје, 20 ноември 2019 (МИА) – Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство – Скопје донесе наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека сторило кривични дела „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“ од член 215 став 1 и „неовластено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“ од член 396 став 1 од Кривичниот законик.

Како што соопшти Обвинителството, осомничениот 25-годишен скопјанец, во неговиот дом во Ѓорче Петров неовластено заради продажба држел опојна дрога – марихуана со вкупна нето маса од 129,51 грама.

При претресот на неговиот дом била пронајдена и една дигитална вага, како и остатоци од амфетамин и кокаин. Овластените полициски службеници пронашле и одзеле и 15 куршуми кои се изведени со оловен проектил со калибар 22LR, како и еден куршум со калибар 7,65 милиметри.

Бидејќи постојат околности кои укажуваат на опасност од бегство и на можност осомничениот да го повтори кривичното дело, надлежниот јавен обвинител до Основниот кривичен суд достави и предлог за определување мерка притвор, се наведува во соопштението.

реклама

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Која храна содржи најмногу пластика?

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Хроника

Таткото на Вања ќе оди во куќен притвор, Врховниот суд му ја уважи жалбата

Read more

ОЈО Делчево истражува обид за изборен поткуп со бесплатно вградување водомери

Read more

Приведен охриѓанец кој го фотографирал гласачкото ливче

Read more

Тетовец ја држел затворена снаата и физички ја повредувал

Read more
 

Вести

Без струја делови од општините Петровец, Ѓорче Петров и Сарај

Читај повеќе

Преку денот сончево со мала до умерена облачност, утрото претежно ведро и наместа постудено

Читај повеќе

Мицкоски до СДСМ и Ковачевски: Нека не ве чуди што ве снајде вчера

Читај повеќе

Бран насилство во Хаити: илјадници мртви, премиерот поднесе оставка

Читај повеќе

Русија најави: Ги преместуваме системите Искандер на границата со Финска

Читај повеќе

Османи победи во Торонто

Читај повеќе

Ганиу до Груби: Терапијата ти ја препишува д-р Арбен, ќе ја примиш на 8 мај

Читај повеќе

Приходите на Русија од нафта и гас се речиси двојно зголемени

Читај повеќе
  • filter

Во прв круг за претседател е избран само Глигоров со 715.087 гласа, Силјановска и Пендаровски по вторпат во втор круг

Читај повеќе