Гледачите на серијата Muted на Netflix не престануваат да го коментираат нејзиниот крај на Twitter.

Muted е меѓу најгледаните серии на Netflix изминатава недела, а приказната го следи Серхио, млад човек кој занемува откако наводно ги убил своите родители. Тој одбива да зборува за тоа што се случило, па психолозите одлучуваат да го ослободат од малолетнички затвор по шест години за да го набљудуваат неговото однесување додека се враќа на местото на злосторството.
Дали навистина Серхио ги убил родителите дознаваме дури во последната сцена, која ги изненади и ги потресе гледачите.
„Ќе ми треба терапија после ова“, напиша еден.
„Серијата е одлична, но крајот е неочекуван“, тврди друг.
„Ако сакате мрачна и изопачена серија со целосно луд крај, гледајте ја Muted. Гарантирам дека нема да погодите како ќе заврши", вели трет.
„Немам што да кажам освен дека крајот е вознемирувачки“, е само уште еден од коментарите.