МВР со детали и снимка за полициската акција во Арачиново

Министерството за внатрешни работи денеска сузби организирана криминална група инволвирана во вршење на криминални активности од областа на недозволена трговија со оружје и дрога, соопшти портпаролот на МВР Тони Ангеловски.

– Во рамки на повеќемесечната истрага обезбедени се доволен број на докази кои ја потврдуваат инволвираностa на членовите во недозволена трговија со оружје и дрога и документирани се продажби на наркотична дрога и оружје. Денеска (28.04.2021) во раните утрински часови, од страна на Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал, со поддршка на Одделот за специјални полициски операции и Одделот за криминалистичка полиција, под раководство на јавен обвинител од ОЈО за гонење на организиран криминал и корупција лишени се од слобода членовите на организираната криминална група. Приведени се девет лица (осум од с. Арачиново и едно од Свети Николе), а едно лице-член на групата од претходно е на издржување мерка притвор, соопшти Ангеловски.

Врз основа на издадени Наредби од надлежен суд извршени се претреси во дом и други простории на повеќе локации на подрачјето на град Скопје (с. Арачиново) и на една локација на подрачјето на Свети Николе. При извршените претреси се пронајдени и одземени и рамки за автоматска пушка, куршуми од различен калибар, седум возила,  мобилни телефони, како и други предмети поврзани со истрагата.

Х.Б. (54) и А.М. (44) создале организирана криминална група инволвирана во вршење на кривични дела од областа на недозволена трговија со оружје, муниција и дрога, и раководеле со групата која подолг период делувала на територијата на нашата држава, а кон неа се приклучиле Ф.Б.(22), В.Б.(25), Д.Б.(44), И.С.(48), И.Ј. (45) (полициски службеник), Љ.А. (31), И.А. (40) и Р.А.(16), кои на заинтересирани лица го продавале нелегалното оружје, муниција и дрога.

– При спроведувањето на повеќемесечната истрага и презамањето на мерки и активности, документирани се повеќе од 20 случаи на купопродажба на дрога,оружје и муниција при што се обезбедени доволен број на докази кои ја потврдуваат нивната инволвираност за кривичните дела за кои се теретат овие лица. Исто така, во рамки на ова криминалистичко истражување, по преземени мерки и активности се реализирани повеќе случаи на недозволена трговија со дрога (најмногу хероин, но и марихуана и хашиш), како и оружје и муниција, за што веќе од МВР се поднесени кривични пријави за уште 12 лица (девет за  недозволена трговија  со дрога и три лица за недозволена трговија со оружје и муниција). Оваа криминална група е поврзана и со претходно реализиран случај во Кичево на 10.11.2020 година, каде што се запленети голема количина на оружје и муниција.Министертсвото за внатрешни работи и во наредниот период продолжува со интензивните акции за сузбивање на вакви и слични криминални групи, рече Ангеловски.

Remote video URL
реклама

Финансиски хороскоп до 12 мај: Враќање долгови и неочекувани трошоци

Read more

Од жица и камења сами направете убави саксии

Read more

Таjчи по 34 години го облече фустанот што го носеше на Евровизија

Read more

Похувани полнети јајца – одличен начин да ги искористите остатоците од Велигден

Read more

Хроника

Кривични против поранешен градоначалник на скопска општина и директорка на детска градинка

Read more

Тешка сообраќајка кај Влае – има повредени, едното возило преполовено

Read more

Велосипедист тешко повреден во сообраќајка во Охрид

Read more

Куче паднало во шахта и ги изгризало каблите за интернет на две болници: ЦУК за невообичаената акција во Скопје

Read more
 

Вести

Руски хакери ги нападнаа веб-страниците на косовските институции

Читај повеќе

Три лица се обиделе да влезат во објект каде што се чува изборен материјал, не е причинета штета

Читај повеќе

Самостојна изложба на Камуран Горанци, Код 4

Читај повеќе

Венеција за само 11 дена заработи огромна сума на пари со наплата на влезници

Читај повеќе

Хамас ќе предаде 33 заложници, некои од нив се мртви

Читај повеќе

Кривични против поранешен градоначалник на скопска општина и директорка на детска градинка

Читај повеќе

Личните документи ќе можат да се подигнат и в среда, извести МВР

Читај повеќе

На денот на изборите автобусите по неделен возен ред, жичницата нема да работи

Читај повеќе

Италијанскиот министер за одбрана: Треба да преговараме со Путин

Читај повеќе