На Airbnb се нуди сместување како од светот на Хари Потер
На различни локации низ светот постојат Airbnb сместувања за изнајмување кои се опремени да личат како да престојувате во филм за Хари Потер.
Ги има во Масачусетс, Џорџија, Флорида, Северна Каролина, потоа Канада, Шкотска, Англија, Ирска и Франција.
Некои се премногу детски, па дефинитивно ќе им се допаднат на оние што патуваат со деца, но има и такви чии сопственици навистина се погрижиле да личат многу реално и уверливо.