На инфективните оддели има 121 пациент со COVID-19

Вкупно 121 пациент позитивен и суспектен на коронавирусот се лекува на инфективните одделенија во Скопје и во болниците во другите градови. Има околу 500 празни болнички кревети во ковид – центрите, соопшти Министерството за здравство.

Во изминатите 24 часа во ковид – центрите во Скопје се хоспитализирани тројца нови пациенти поради компликации од коронавирусот. Вкупно 48 лица сомнителни и потврдени за COVID-19 се лекуваат на инфективните одделенија во главниот град. Голем број од пациентите се на кислородна поддршка.

Во ковид – центрите во болниците во другите градови во изминатите 24 часа е пријавено дека се лекуваат вкупно 73 пациенти позитивни и суспектни на коронавирусот.

Во последното деноноќие, во Скопје на Институтот за ТБЦ немало приеми. Два примени пациенти имало во ковид центарот во ГОБ „8 Септември“ и еден на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во текот на вчерашниот ден.

Во изминатите 24 часа дома се пуштени тројца оздравени пациенти.

Во ковид – центарот на Институтот за ТБЦ се лекуваат пет пациенти. Во ГОБ „8 Септември“ има вкупно 15 болни, а на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби лежат 28 пациенти.

Бројот на приеми во изминативе денови се намалува и изутрината до 8 часот имало 90 слободни места, а се очекува во тек на денот по направените исписи на оздравените пациенти да се ослободат и дополнителни места. Сите инфективни одделенија имаат довод на кислород и можат да згрижат пациенти кои имат потреба од кислородна поддршка.

Во болницата во Битола се хоспитализирани седум пациенти, позитивни и суспектни на COVID-19. Во болницата во Штип се хоспитализирани пет пациенти. На инфективното одделение во Тетово има двајца пациенти, во Велес се лекуваат 11 болни, а во Куманово 15 пациенти позитивни и суспектни на COVID-19. Во ковид – центарот во Охрид се хоспитализирани седум пациенти, во Прилеп тројца, во ковид – центарот во Гостивар осум, а во Струга четири болни. Во болницата во Струмица хоспитализирани се девет пациенти, во Кичево двајца, а во Кавадарци и во Гевгелија нема хоспитализирано лица позитивни и суспектни на коронавирусот.

Поради намалениот број на болни, болниците затворија дел од капацитетите наменети за ковид пациенти. Во тек на денот се прават и исписи на оздравени пациенти со што ќе се ослободат дополнителни легла. Инаку, сите одделенија на клиничките болници располагаат со болнички места до кои има довод на кислород. Министерството за здравство има увид во состојбата со капацитети и доколку има потреба одделенијата ќе бидат дополнително проширени, стои во соопштението.

реклама

Финансиски хороскоп до 12 мај: Враќање долгови и неочекувани трошоци

Read more

Од жица и камења сами направете убави саксии

Read more

Таjчи по 34 години го облече фустанот што го носеше на Евровизија

Read more

Чарлс Баркли го отпиша Јокиќ

Read more

Македонија

Три лица се обиделе да влезат во објект каде што се чува изборен материјал, не е причинета штета

Read more

Личните документи ќе можат да се подигнат и в среда, извести МВР

Read more

На денот на изборите автобусите по неделен возен ред, жичницата нема да работи

Read more

Од полноќ пониски цени на горивата

Read more
 

Вести

Руски хакери ги нападнаа веб-страниците на косовските институции

Читај повеќе

Три лица се обиделе да влезат во објект каде што се чува изборен материјал, не е причинета штета

Читај повеќе

Самостојна изложба на Камуран Горанци, Код 4

Читај повеќе

Венеција за само 11 дена заработи огромна сума на пари со наплата на влезници

Читај повеќе

Хамас ќе предаде 33 заложници, некои од нив се мртви

Читај повеќе

Кривични против поранешен градоначалник на скопска општина и директорка на детска градинка

Читај повеќе

Личните документи ќе можат да се подигнат и в среда, извести МВР

Читај повеќе

На денот на изборите автобусите по неделен возен ред, жичницата нема да работи

Читај повеќе

Италијанскиот министер за одбрана: Треба да преговараме со Путин

Читај повеќе