На нова тепачка ставен етнички предзнак: Стружанец натепан, бугарските медиуми тврдат дека е поради бугарската самосвест

Еден од основачите на бугарскиот клуб „Шемето“ во Струга, Бекир Кадриески, бил натепан од маж од струшко село. Од МВР велат дека станува збор за нарушен ред и мир и постапиле, додека бугарските медиуми, на нападот му даваат етнички предзнак.

Официјалните информации се дека Кадриески бил нападнат од извесен А.Н., а за случајот се највува и пријава од МВР.

„На 13.06.2023 година во 12:15 часот, во ОВР Струга пријавено е дека во близина на спортска сала лоцирана на улицата „Боро Хаџиески“ во Струга, А.Н. од струшкото село Велешта го нарушил јавниот ред и мир со физички напад врз Б.К. од селото Лабуништа. Се преземаат мерки за расчистување на настанот по што, ОВР Струга ќе поднесе соодветна пријава“, велат од МВР.

Бугарскиот портал Нова ѝ стави етнички предзнак на тепачката која ја имал Кадриески. Лицето кое е македонски државјанин го опишува како Бугарин, но без документи. Тие тврдат дека Кадриески бил навредуван.

„Тој нема бугарски пасош, но изјавува дека има бугарски идентитет“, пишува Нова.бг.

Веднаш се огласи политичката партија ГЕРБ, која вели дека станува збор за напад поради неговата самосвест и ако се докаже оти било така ќе бараат преку сите можни меѓународни канали детално да се истражи случајот и виновниците да бидат казнети.

Македонското МВР објави за нападот, но нема информации во насока на тоа дека се работи за напад по етничка основа.

Тагови
реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Read more

Како да го зачувате лебот свеж без да го ставате во фрижидер?

Read more

Хроника

Куче паднало во шахта и ги изгризало каблите за интернет на две болници: ЦУК за невообичаената акција во Скопје

Read more

Тепачка во Чаир: случајот го пријавила 28-годишна девојка која била меѓу нападнатите

Read more

Возач удри во електричен тротинет, тешко повреден малолетник

Read more

Тело на починат маж извадено од Вардар во Велес

Read more
 

Вести

Почувствуван земјотрес во Скопје

Читај повеќе

44 години од смртта на Тито: Дали историјата ќе го памти како херој или злосторник?

Читај повеќе

Дали војната во Украина прераснува во светска војна?

Читај повеќе
  • play_arrow

Маж и жена во Шведска запалија Куран

Читај повеќе

Санкциите се видливи: Газпром заврши во минус првпат по повеќе од 20 години

Читај повеќе

Куче паднало во шахта и ги изгризало каблите за интернет на две болници: ЦУК за невообичаената акција во Скопје

Читај повеќе

Одбележување 121 година од смртта на Гоце Делчев

Читај повеќе

Тепачка во Чаир: случајот го пријавила 28-годишна девојка која била меѓу нападнатите

Читај повеќе

Променливо облачно со повремени врнежи од дожд

Читај повеќе