На повидок епска размена: Најскапиот играч на Сити за најдобриот во Серија А

Манчестер Сити размислува да испрати официјална понуда до Милан, а таа би била околу размена од епски карактер.

На „Итихад“ не се задоволни од учинокот на своето најскапо засилување во историјата - Џек Грилиш. Играчот платен над 100 милиони евра не се прослави и очигледно не успеа да се вклопи во системот на стратегот Пеп Гвардиола.

Со оглед на квалитетите кои ги поседува, Грилиш би можел да биде големо засилување за било кој друг клуб, а прв во редот стои актуелниот италијански шампион Милан.

„Росонерите“ веќе некое време како се интересираат за англискиот репрезентативец, но имаат еден прилично голем проблем - неговото доаѓање на „Меаца“ е прескапо. Поради тоа во Милан размислуваат до Сити да испратат понуда за позајмица, но според италијанските медиуми во Манчестер Сити се досетиле на уште подобар план.

Имено, Сити има намера да реализира размена која на „Итихад“ би го донела најдобриот играч во Серија А за минатата сезона. Станува збор за португалскиот репрезентативец Рафаел Леау, кој минатта сезона го предводеше Милан до Скудетото и сосема заслужено ја доби наградата за најдобар играч.

Милан и Леау имаат големи проблеми во пронаоѓањето решение за продолжување на соработката. Сјајниот Португалец, кој игра на истата позиција како и Грилиш, не сака да го продолжи договорот со Милан кој има важност до 2024 година.

Она што Леау го бара, а Милан не може да му го исполни, е годишна плата од 10 милиони евра. „Росонерите“ никогаш во својата историја на никој играч не му дале 8 или повеќе милиони, а воедно тоа е и правило на клубот. Преговорите на двете страни и натаму се во тек, а Сити, кој нема финансиски проблеми, сака тоа да го искористи и да го донесе 23-годишниот Леау во своите редови.

Грилиш за Леау - тоа дефинитивно би било епска размена!

реклама

Финансиски хороскоп до 12 мај: Враќање долгови и неочекувани трошоци

Read more

Од жица и камења сами направете убави саксии

Read more

Таjчи по 34 години го облече фустанот што го носеше на Евровизија

Read more

Чарлс Баркли го отпиша Јокиќ

Read more

Фудбал

Тиаго Силва потпиша за Флуминенсе, доаѓа во јули

Read more

Шампионската титула на Реал ќе му биде врачена зад затворени врати

Read more

Борусија во Париз по 11 години бара пласман во ЛШ финалето

Read more

Кој ќе го замени Жиру во Милан?

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Тиаго Силва потпиша за Флуминенсе, доаѓа во јули

Читај повеќе

Шампионската титула на Реал ќе му биде врачена зад затворени врати

Читај повеќе
  • play_arrow

Вембанјама едногласно избран за најдобар дебитант во НБА

Читај повеќе

Борусија во Париз по 11 години бара пласман во ЛШ финалето

Читај повеќе
  • play_arrow

Чарлс Баркли го отпиша Јокиќ

Читај повеќе
  • play_arrow

Кајрен Вилсон за прв пат во кариерата стана светски шампион во снукер

Читај повеќе

Кој ќе го замени Жиру во Милан?

Читај повеќе

Димитријевиќ од следната сезона ќе игра во Евролигата

Читај повеќе

Јунајтед три недели ќе биде без Мегваер

Читај повеќе