На Вучиќ му „пукна филмот“ среде обраќањето до јавноста: Татко ти е криминалец!

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денеска повторно имаше вонредно обраќање до јавноста.

Тој зборуваше за актуелни теми и настани во Србија, пред сè за состојбите во Косово.

„Долги години на секој можен начин се обидувам да ги зачувам мирот, стабилноста и економскиот напредок. Нашата земја даде сè за да биде така. Без разлика дали некој сака да го слушне или не, тоа се факти и податоци. Колку и да се трудиме да бидеме сериозен и одговорен партнер, ние сме на европскиот пат, но никогаш така не нè гледале. Ако не постапивме по нивното барање безусловно и беспоговорно, бевме виновни. Гледате дека веќе едноставно немаме излези. Од почетокот на годинава не бил застрелан ниту еден Албанец“, рекол Вучиќ, пренесува Nova.rs.

Вучиќ рече и дека Канцеларијата за Косово и Метохија „се дочепила до“ документот на ЕУЛЕКС.

„Знаете што пишува таму? Па ништо. Ни го напишаа тоа што е напишано во  Чл. 4 од т.н. приштински закони и немаат поим. Ја почитуваа бирократската форма. Баш им е гајле за Србите“, рече Вучиќ, а потоа, меѓу другото, додаде:

„Ги уапсија Спасиќ и Влашковиќ за наводен напад на новинари. Погледнете што прават - Курти создава криминална ситуација во која ги малтретира сите граѓани од српска националност. Мислев дека тоа го прави сам, сега знам дека има поддршка од одредени западни земји. Внесува некои идиоти кои немаат легитимитет со 1 процент во Лепосавиќ. Носат еден куп нивни новинари таму да провоцираат луѓе“, рече Вучиќ и додаде:

„И тогаш ни велат да не се мешаме, ЕУЛЕКС следи. Што следите, лажговци ниедни?! Единствено што сакате да следите е како се протеруваат Србите“.

Тој рече и дека во последните пет дена бил под голем притисок поради апсењето на косовските специјалци на територијата на Србија.

Во врска со неодамнешното апсење на Милун Миленковиќ Лунет на северот на Косово, Вучиќ рече дека косовскиот премиер Албин Курти и министерот за внатрешни работи Џељај Свеќља велат дека тој е „криминалец“.

„Татко ти е криминалец. И твојот Курти, и твојот Свеќља. Срам да ви е“, рече Вучиќ.

„Што се однесува до нашите одлуки, ние самите ќе ги донесеме, нема да се консултираме со никого. Ќе го почитуваме само тоа што му го ветив на НАТО. Ние немаме никакви обврски кон никој друг. Што се однесува до дијалогот, тој е целосно бесмислен. Додека не научат да разговараат, нека разговараат сами“, рече Вучиќ.

реклама

Зачин што секојдневно го користиме го зголемува ризикот од рак на желудникот

Read more

Храна што треба да ја јадете за здрави црева и рамен стомак

Read more

Кој е најбрзиот начин без лекови да го спуштите високиот крвен притисок?

Read more

Зошто никој не сака да војува против Швајцарија?

Read more

Регион

Српската полиција критикувана за случајот Данка: Ова е сериозен скандал

Read more

Радев: Набргу ќе се знае дали ВМРО-ДПМНЕ и Силјановска ќе работат за европската перспектива на Скопје

Read more

ДНК на малата Данка не била пронајдена на автомобилот со кој била удрена

Read more

Драма на небото над Трст: забележана несекојдневна појава

Read more
 

Вести

Каталонија гласа, цела Шпанија се тресе

Читај повеќе

Протести во Израел: Владата нема поим што прави

Читај повеќе

Сопружници нападнати од роднини во Аеродром поради имотно прашање

Читај повеќе

Скопјанка во Гази Баба ја нападнала својата потстанарка

Читај повеќе

Маж од Чаир физички ја нападнал вонбрачната партнерка

Читај повеќе

Променливо време со температури до 26°C

Читај повеќе

Денес свечено примопредавање на претседателската функција

Читај повеќе

Доларот зајакна во однос на повеќето други валути

Читај повеќе

Скопјанец физички нападнал жена, па бил агресивен кон полицајците

Читај повеќе