Набавка на вакцини против COVID-19 преку повеќе инструменти

Лекарите, односно медицинскиот персонал, се првата категорија граѓани кои ќе ја примат вакцината против COVID-19, во време кога таа ќе биде достапна во здравствените институции. Став на Владата е дека по нив на ред ќе бидат хронично болните, возрасните граѓани, вработените во градинките и другите на приоритетната листа.

Преговорите за директна набавка на вакцината против COVID-19, како што истакнаа вчера од Владата, се во тек. Тие посочија дека не чекаат само на донаци, туку ги користат сите инструменти за навреме да се набават вакцините. Според најавите, досега се обезбедени вакцини за околу 400.000 граѓани кои е предвидено да пристигнат во првите месеци на 2021 година. Освен сопствениот ангажман за набавка на вакцините против коронавирусот, Северна Македонија, доби ветување од соседните држави Бугари и Грција кои се дел од ЕУ, дека ќе и бидат доделени вакцини во вид на донација. Но, не е прецизирано кога тоа ќе се случи.

Изминатиот период според дневните статистики објавени од Министерството за здравство (МЗ) може да се види намалување на бројот на новозаразени. Но, и понатаму најголемиот број на новозаразени и активни случаи е во Скопје.

Последните бројки на новозаразени и оздравени беа скоро изедначени, односно од 2.510 направени тестови вчера позитивни биле 627 лица, додека во исто време како оздравени се регистрирани 644 пациенти. Од новозаболените 250 се од Скопје по што следат Куманово  со 36, Прилеп 35, Кавадарци-31, Велес и Битола по 25, Гостивар 24, Струмица 23, Тетово и Охрид по 21, Кочани 20, …. Како последица од COVID-19 според МЗ вчера починаа 14 лица.

Фактот дека во последната недела има намалување на трендот на ново заразени пациенти од COVID-19, вчера го потврди и директорката на Клиниката за инфективни болести, Милена Стевановиќ, која истакна дека бројките објавени од Институтот за јавно здравје се совпаѓаат со дневната фреквенција на амбулантски прегледи која што за 20 до 30 посто е намалена од предходната недела.

– Она што покажува на лесно намалување на бројките е фактот што скоро 17 посто е намален бројот на ново откриени пациенти со COVID-19 во изминатата недела. Исто и денешните бројките зборуваат за намалување на процентот на позитивни во однос на тестираните за 25 посто. Тоа е нешто што вистина влева надеж. Од клинички гледан аспект не може да зборуваме дека бројките на клиниката се намалени, затоа што капацитети уште се скоро исполнети, изјави Стевановиќ.

Во ковид-центрите низ Скопје, според вчерашните податоци на Министерството за здравство, се хоспитализирани 476 лица сомнителни и потврдени со COVID-19.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 79.815, бројката на оздравени пациенти е 56.743, на починати е 2.354, а бројот на активни случаи изнесува 20.718.

реклама
Најубавите велигденски пораки

Најубавите велигденски пораки

Read more

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Read more

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more

Суперсоничниот авион на Boom доби дозвола за суперсоничен пробен лет

Read more

Македонија

Денеска е Ден на македонскиот јазик

Read more

Апасиев: Македонската платформа е единствениот спас од опасноста за федерализација на државата

Read more

Аваја: Треба да се искористи потенцијалот на ромската заедница

Read more

Мециновиќ: На носителите на ЗНАМ на личните профили им стојат слики со Заев и Пендаровски

Read more
 

Вести

Хрватска поради платата е привлечна за балканските работници

Читај повеќе

Денеска е Ден на македонскиот јазик

Читај повеќе

Апасиев: Македонската платформа е единствениот спас од опасноста за федерализација на државата

Читај повеќе

Аваја: Треба да се искористи потенцијалот на ромската заедница

Читај повеќе
  • play_arrow

Мециновиќ: На носителите на ЗНАМ на личните профили им стојат слики со Заев и Пендаровски

Читај повеќе

48 лица загинаа во страшна несреќа во Кина, Кинезите го слават херојскиот потег на камионџијата

Читај повеќе

Г.г. Стефан: Да ги зацврстиме единството и слогата, да ги надминеме разногласијата и меѓусебните поделби

Читај повеќе

Русија распиша потерница по Зеленски, се огласи Украина

Читај повеќе

НАТО започна огромни вежби, за Русија: Тоа е подготовка за војна

Читај повеќе