Синоќа македонскиот пијанист Симон Трпчески одржа концерт во Милано, а нашиот оперски пејач Благој Нацоски за него напиша дека Милано бил дигнат на нозе.
„Што да ви кажам, Симон го дигна на нозе Милано вечерва со неговиот концерт 🤩“, напиша Нацоски во својата објава на Facebook.
Симон Трпчески е меѓународно истакнат македонски класичен пијанист. Тој е еден од најафирмираните македонски изведувачи и веројатно најдобриот македонски пијанист на сите времиња. За неговиот талент сведочат мноштво меѓународни успеси и највисоки критики, како и генералното мислење на музичките критичари ширум светот. Во 2011 Трпчески стана прв носител на титулата Национален уметник на Република Македонија.