Најавени нови продолженија на The Lord of the Rings

Продуцентските куќи Warner Bros. и New Line Cinema и Embracer Group, шведската компанија за игрици којашто ги поседува правата на повеќето од делата на Толкин, потпишаа договор за нови продолженија на „The Lord of the Rings“ и „The Hobbit“. Според договореното, се најавува снимање на повеќе филмови по книгите на писателот Џ.Р.Р. Толкин.

Вкупната вредност на новиот договор сѐ уште не е откриена.

Првичната филмска трилогија на режисерот Питер Џексон продуцирана од New Line Cinema од 2001 до 2003 година заработи речиси 3 милијарди долари ширум светот. А пак, третиот дел, „Враќањето на кралот“ освои рекордни 11 „Оскари“, вклучително и за најдобар филм.

Во заедничката изјава за Variety, Џексон и неговите две најблиски соработнички од првата трилогија - Френ Волш и Филипа Бојенс, рекоа дека самата работа на Warner Bros. и Embracer подолго време го навестувала овој потег.

„Со нетрпение очекуваме да разговараме со нив па да ја слушнеме нивната натамошна визија за франшизата“, изјави триото Џексон, Волш и Бојенс.

Embracer ги стекна правата за брендот, коишто се однесуваат на сите филмови, игрици, предмети, сувенири, тематски паркови и продукции во живо, кога го купи Middle-earth Enterprises во 2022 година.

Новите филмски раководители на Warner Bros. - Мајк де Лука и Пем Абди стојат зад новиот повеќегодишен договор што навестува повеќе играни филмови.

„И покрај целиот обем и сета љубов спакувани во двете трилогии, огромниот, комплексен и блескав универзум отсонуван од Џ.Р.Р. Толкин останува во голема мера неистражен“, соопштија тие.

Де Лука и Абди навестија и дека секој нов нареден филм нема нужно да го повторува она што го покриваа досегашните филмови на Питер Џексон.

Тагови
реклама

Три промени во компирот откриваат дека не е безбеден за јадење

Read more

Французинката која лажниот Бред Пит ја измами за 830.000 евра сега е бездомничка

Read more

Кафе на празен стомак - штетно или не?

Read more

Македонски навивач го плукнал селекторот на Холандија

Read more

Филм & ТВ

Канје Вест објави видео од Памела Андерсон како гола му носи торта на Хју Хефнер

Read more

Деми Мур објасни како всушност се изговара нејзиното име

Read more

Netflix има нов хит: Шведската серија The Breakthrough ќе ве закова за фотелја

Read more

Анистон откри како одржува совршена фигура во 50-тите: Ја следам методата 80/20

Read more
 

Сцена

  • play_arrow

Канје Вест објави видео од Памела Андерсон како гола му носи торта на Хју Хефнер

Читај повеќе
  • play_arrow

Деми Мур објасни како всушност се изговара нејзиното име

Читај повеќе
  • play_arrow

Netflix има нов хит: Шведската серија The Breakthrough ќе ве закова за фотелја

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Fiction – Автентична музичка фикција што допира до публиката и надвор од границите на нашата земја

Читај повеќе

Анистон откри како одржува совршена фигура во 50-тите: Ја следам методата 80/20

Читај повеќе

Џесика Алба се разведува по 17 години брак

Читај повеќе

Објавувањето на номинациите за Оскар одложено поради разорните пожари во Лос Анџелес

Читај повеќе
  • filter

Ријана во проѕирен градник, халтери и танга предизвика воодушевување

Читај повеќе

Памела Андерсон откри за која славна личност сакала да се омажи, на крајот останала разочарана

Читај повеќе