Арсен Венгер е на голема мака бидејќи главната ѕвезда на неговиот напад, Александар Лаказет, поради повреда на коленото ќе отсуствува најмалку шест недели од теренот.
Францускиот напаѓач за кого Арсенал минатото лето плати 50 милиони фунти направи мала операција на коленото што го мачеше во последно време, па нападот на тимот најверојатно ќе го предводи Пјер Емерик Обамејанг.
Лаказет со девет голови во сите натпревари е најдобар стрелец на „топџиите“, а откако дојде Габонецот го изгуби местото во стартната постава.
Обамејанг ги почна натпреварите против Свонси и Евертон и брзо се вклопи во игра со поранешниот соиграч во Дортмунд Хенрих Михтаријан.