На врвот во понудата на Mercedes e Maybach, a врвот на Maybach гамата е S680 4Matic.
Mercedes-Maybach S680 4Matic e осмислен на сопствениците да им пружи уште повеќе луксуз во однос на „регуларните”. Доаѓа со рачно изработен 6.0 литарски V12 твин-турбо мотор.
Овој дијамант на германскиот инжнеринг произведува 630 КС (463 kW) и развива дури 1.001 Nm максимален вртежен момент, а силата се пренесува на сите четири тркала.
Со оваа моќност, масивната лумизуна забрзува до стотка за само 4,5 секунди, а максималната брзина е електронски ограничена на 250 км/ч.
Со внатрешноста им парира на луксузните ривали како Bentley Flying Spur и Rolls-Royce Ghost.
Задоволството да се поседува овој автомобил во Германија чини од 217.323 евра. За оние на кои ова им е многу, тука е и поскромниот S580 со V8 мотор чија цена почнува од 164.565 евра.