Најскапиот играч во историјата на Баерн избегна казна затвор во Шпанија

Фудбалерот на Баерн, Лукас Ернандес, избегна затворска казна во крајно бизарниот случај покренат во Шпанија, на крајот добивајќи условна казна од 4 години.

Неодамна му беше одредена казна од 6 месеци затвор поради кршење на забрана за пристап, но судот во Мадрид ја поништи таа одлука и фудбалерот нема да оди на служење казна во затвор.

Во декември, 2019 година тој беше осуден поради кршење на забрана за пристап до неговата партнерка Амелија Оса Љоренте. Позадината на оваа приказна е бизарна и неверојатна.

На Лукас и Амелија им беше забрането да се видат 6 месеци откако Французинот беше прогласен виновен за семејно насилство по караница во 2017 година.

И двајцата беа казнети со општествено-корисна работа, не смееја да се доближат помалку од 500 метри еден од друг. Но, во јуни истата година, четири месеци по казната и забраната, тие се венчаа во Лас Вегас и отпатуваа на меден месец на Бахами.

URL

Кога се вратија во Мадрид беа задржани на аеродромот, а Лукас мина една ноќ во притвор. Обвинителството потоа побара да биде осуден на една година затвор поради прекршување на забраната за пристап.

Сега е јасно дека нема да оди во затвор, но доби условна казна од 4 години, пренесе DW.

Ернандес стигна во Баерн во 2019 година, кога германскиот клуб плати откупна клаузула на Атлетико Мадрид од 85 милиони евра, што го прави најскап играч во баварскиот клуб.

URL
реклама

Од жица и камења сами направете убави саксии

Read more

Финансиски хороскоп до 12 мај: Враќање долгови и неочекувани трошоци

Read more

Похувани полнети јајца – одличен начин да ги искористите остатоците од Велигден

Read more

Таjчи по 34 години го облече фустанот што го носеше на Евровизија

Read more

Фудбал

Тиаго Силва потпиша за Флуминенсе, доаѓа во јули

Read more

Шампионската титула на Реал ќе му биде врачена зад затворени врати

Read more

Борусија во Париз по 11 години бара пласман во ЛШ финалето

Read more

Кој ќе го замени Жиру во Милан?

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Тиаго Силва потпиша за Флуминенсе, доаѓа во јули

Читај повеќе

Шампионската титула на Реал ќе му биде врачена зад затворени врати

Читај повеќе
  • play_arrow

Вембанјама едногласно избран за најдобар дебитант во НБА

Читај повеќе

Борусија во Париз по 11 години бара пласман во ЛШ финалето

Читај повеќе
  • play_arrow

Чарлс Баркли го отпиша Јокиќ

Читај повеќе
  • play_arrow

Кајрен Вилсон за прв пат во кариерата стана светски шампион во снукер

Читај повеќе

Кој ќе го замени Жиру во Милан?

Читај повеќе

Димитријевиќ од следната сезона ќе игра во Евролигата

Читај повеќе

Јунајтед три недели ќе биде без Мегваер

Читај повеќе