Намален бројот на жртви на семејно насилство, најмногу се пријавува психичко малтретирање

Бројот на жртви на семејно насилство во 2022 година е намален за 4,3 проценти во споредба со 2021, информира на денешниот брифинг министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска.

Новоевидентирани жртви на семејно насилство за 2022 година, согласно податоците од центрите за социјална работа, се 1.543 лица, од кои најголем дел се жени – 1.074, мажи – 252 и 227 деца. За споредба, во 2021 година, бројот на жртви на семејно насилство бил 1.608.

Најголем број на жртви, како што информира министерката, има во Скопскиот регион, односно 530 жртви, а најмалку во Североисточниот регион – 60. По Скопскиот, најголем број жртви има во Пелагонискиот регион, односно 241 жртва.

Најпријавувано е психолошкото насилство, потоа физичко насилство, има шест случаи на сексуално насилство, како и економско насилство.

– Во делот на типот на насилството најголем дел од жртвите биле жртви на психолошко насилство – 1.051 жртва, после психолошкото насилство доаѓа физичкото насилство со 846 жртви. Имаме пријава на сексуално насилство од страна на шест жртви и 25 жртви се жртви на економско насилство, информира Тренчевска.

Согласно податоците, како сторители на семејно насилство се евидентирани 1.382 лица, од кои најголем дел се мажи, односно 1.258, а 114 се жени.

Од страна на центрите за социјална работ до граѓанските судови се поднесени 2.095 барања за привремени мерки за заштита на жртвите на насилство, а од страна на граѓанските судови се изречени 1.823 привремени мерки за заштита. Во сите плански региони имаме отворени советувалишта за жртви на насилство, имаме отворено советувалиште за насилници и имаме отворено шелтер центри за сместување на жртви на насилство. Во 2022 година имаме 83 жртви коишто се сместени во шелтер центри во државата, заклучи Тренчевска.

реклама

Финансиски хороскоп до 12 мај: Враќање долгови и неочекувани трошоци

Read more

Од жица и камења сами направете убави саксии

Read more

Таjчи по 34 години го облече фустанот што го носеше на Евровизија

Read more

Похувани полнети јајца – одличен начин да ги искористите остатоците од Велигден

Read more

Македонија

Три лица се обиделе да влезат во објект каде што се чува изборен материјал, не е причинета штета

Read more

Личните документи ќе можат да се подигнат и в среда, извести МВР

Read more

На денот на изборите автобусите по неделен возен ред, жичницата нема да работи

Read more

Од полноќ пониски цени на горивата

Read more
 

Вести

Руски хакери ги нападнаа веб-страниците на косовските институции

Читај повеќе

Три лица се обиделе да влезат во објект каде што се чува изборен материјал, не е причинета штета

Читај повеќе

Самостојна изложба на Камуран Горанци, Код 4

Читај повеќе

Венеција за само 11 дена заработи огромна сума на пари со наплата на влезници

Читај повеќе

Хамас ќе предаде 33 заложници, некои од нив се мртви

Читај повеќе

Кривични против поранешен градоначалник на скопска општина и директорка на детска градинка

Читај повеќе

Личните документи ќе можат да се подигнат и в среда, извести МВР

Читај повеќе

На денот на изборите автобусите по неделен возен ред, жичницата нема да работи

Читај повеќе

Италијанскиот министер за одбрана: Треба да преговараме со Путин

Читај повеќе