Наоми Вотс ја доби главната улога во спиноф серијата на „Game of Thrones“

Британската актерка Наоми Вотс, која двапати беше номинирана за Оскар, ќе се појави во улогата на „харизматична аристократка“ во спиноф серијата чие дејство ќе биде сместено 1.000 години пред случувањата во „Game of Thrones“.

Се работи за серија која е ко-креирана од авторот Џорџ Р.Р. Мартин и е еден од петте нови проекти на HBO базирани на „Game of Thrones“. Како сценарист на пилот-епизодата се потпишува Џејн Голдман, која работеше на филмот „Kick Ass“.

Дејството на серијата ќе се одвива 1.000 години пред случувањата во „Game of Thrones“ и ќе ја раскаже приказната за „падот од Златната ера на херои до најтемниот час на светот“. Најавите од HBO велат дека во спинофот ќе се дознае за изворните приказни на Белите одачи, мистериите на Истокот и легендите за Старк – а ниту една од овие приказни не се онакви какви што очекувате.

Наоми Вотс поминува низ тежок период откако нејзиниот последен ангажман за Netflix беше предвреме прекинат бидејќи серијата „Gypsy“ беше откажана по само една сезона. Добра вест за неа е што во последната недела доби два нови ангажмани, едниот е гореспоменатиот а другиот е во новата серија на Showtime базирана на случајот со контроверзниот директор на Fox, Роџер Ејлс.

реклама

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Read more

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more
Најубавите велигденски пораки

Најубавите велигденски пораки

Read more

Филм & ТВ

Netflix ги изнервира фановите на Emily in Paris

Read more

Три популарни филмови кои Бред Пит не сакал да ги снима

Read more

Елизабет Бенкс и Џесика Бил глумат сестри во новата трилер серија на Amazon

Read more

Мартин Фримен проговори за секс сцената со 30 години помладата Џена Ортега

Read more
 

Сцена

  • play_arrow

Netflix ги изнервира фановите на Emily in Paris

Читај повеќе
  • play_arrow

Три популарни филмови кои Бред Пит не сакал да ги снима

Читај повеќе

Елизабет Бенкс и Џесика Бил глумат сестри во новата трилер серија на Amazon

Читај повеќе
  • play_arrow

Скопје ќе биде домаќин на Светското првенство во хип хоп

Читај повеќе
  • play_arrow

Мартин Фримен проговори за секс сцената со 30 години помладата Џена Ортега

Читај повеќе

Како изгледа денес Роуз која го демнеше Чарли во Two and a Half Men

Читај повеќе

Пенелопе Крус важи за една од најубавите актерки, со години е на посебна диета

Читај повеќе
  • play_arrow

Новиот Lion King ја раскажува приказната за Муфаса

Читај повеќе
  • play_arrow

Топ 10 најпиратирани филмови на неделата

Читај повеќе