Наркобосот Ел Чапо екстрадиран од Мексико во САД

Озлогласениот мексикански „господар на дрогата“ Хоакин Гузман познат како „Ел Чапо“, е екстрадиран во САД, јавуваат светските агенции.

Тој пристигна во Њујорк со лет од Сиудад Хуарез. Гузман, кој се соочува со казна доживотен затвор во САД, го гонеа под обвинение за трговија со дрога и шверц на огромни количини дрога во земјата.

За челникот на картелот Синалоа имаше две барања за екстрадиција – едно од Калифорнија, и друго од Тексас.

Минатата година тој беше преместен во затвор во Сиудад Хуарез, кој се наоѓа од другата страна на границата со Ел Пасо во Тексас, но властите во тоа време негираа дека трансферот е предвесник на екстрадиција.

Гузман водеше судска борба за да остане во Мексико, но неговите жалби беа одбиени. Тој претходно успеа да избега од два мекикански затвори со макимално обезбедување. Гузман треба да се појави во федералниот суд во Бруклин уште денеска.

Гузман кон средината во јули 2015 година избега по вторпат од затворот со максимално обезбедување. Според очевидци, наркобосот последен пат бил виден во туш кабината во еден од затворските блокови.

„Ел Чапо“ беше уапсен и осуден на дваесетгодишна затворска казна уште во 1993 година, Потоа, откако мексиканските власти решија да им го предадат на САД, тој започнал да подготвува бегство од затворот. Гузман тогаш поткупил неколку затворски чувари и на 19-ти јануари 2001 година побегнал, сокривајќи се во комбе кое превезувало валкана облека. Во неговиот план за бегство, како што подоцна откри истрагата, биле вклучени речиси осумдесет луѓе.

Ел Чапо неколку години се наоѓаше и на листата на најбогатите и највлијателни личност на светот во рејтинг листата на списанието Forbes.

Магазинот го нарече Ел Чапо тие години еден од највлијателните луѓе на планетата, бидејќи го контролирал речиси целиот американски пазар на кокаин, кој тогаш му донел 300 милиони долари. Поради тоа американските власти распишаа награда за негово апсење од 5 милиони долари.

реклама

Балканско-Кавкаска песна на Евровизија

Read more

Левица се закани: Ако сакате војна, ќе ја добиете, ама ќе биде сиромашни против богати

Read more

6 неочекувани намирници што треба да се чуваат во фрижидер

Read more

Франција претстави нов дрон камиказа, може да лета со брзина од 400 км/ч

Read more

Свет

Студентски протести за Газа почнаа во Белгија и Холандија

Read more

Што да очекуваме по денешната инаугурација на Путин?

Read more

Италија: Лани лично го предупредивме Зеленски, контраофанзивата беше грешка

Read more

Путин издаде наредба: Вооружените сили на Русија ќе вежбаат употреба на нуклеарно оружје

Read more
 

Вести

Студентски протести за Газа почнаа во Белгија и Холандија

Читај повеќе

Што да очекуваме по денешната инаугурација на Путин?

Читај повеќе

Италија: Лани лично го предупредивме Зеленски, контраофанзивата беше грешка

Читај повеќе

Цените на нафтата се задржаа над 83 долари

Читај повеќе

Доаѓа нестабилно време со пороен дожд и грмежи

Читај повеќе

Мицкоски: Да излеземе да гласаме, за да не можат да нѐ уценуваат никогаш повеќе

Читај повеќе

Левица се закани: Ако сакате војна, ќе ја добиете, ама ќе биде сиромашни против богати

Читај повеќе

Мисајловски: На 8 мај да ставиме печат на историската победа

Читај повеќе
  • play_arrow

Димитриевски: Го поддржав Пендаровски во минатиот мандат, но истата грешка нема да ја повторам

Читај повеќе