НАТО донира 60 комплети опрема за вентилатори на Министерството за здравство

Скопје, 4 февруари 2021 (МИА) – Центарот за координација на евро-атлантскиот одговор на катастрофи на НАТО (EADRCC) донираше 60 комплети опрема за вентилатори на Министерството за здравство, овозможена со финансиска поддршка од Чешка, Литванија, Холандија, Велика Британија и САД.

– Следната недела, комплетите ќе бидат дистрибуирани до локалните болници каде претходно беа донирани 60 вентилатори, со испораката на 30 октомври 2020 година, објави НАТО на својата веб-страница.

Опремата е наменета за COVID-19 болниците во Скопје, Тетово, Штип Битола, Охрид и Прилеп.

– Оваа поддршка е дел од целокупниот пакет помош што НАТО сојузниците се согласија да го обезбедат за Северна Македонија за справување со сериозните ефекти на пандемијата. Дополнителни вентилатори и друга медицинска опрема ќе бидат испорачани во Северна Македонија во следните недели, во рамките на Фондот за пандемиски одговор на НАТО, се вели во соопштението објавено денеска на веб-страницата на НАТО.

Досега, осумнаесет НАТО сојузници имаат донирано финансиски средства и медицинска опрема и материјали во доверливиот фонд за одговор на пандемијата, од кој досега се одобрени пакети за помош за четири сојузници – Албанија, Чешка, Црна Гора и Северна Македонија, како и за пет партнери – Босна и Херцеговина, Ирак, Молдавија, Тунис и Украина.

Тагови
реклама

Македонија

Основците и средношколците од утре на пролетен распуст

Read more

Ковачевски: ВМРО ДПМНЕ ќе ги затвори нашите ЕУ перспективи, СДСМ останува посветена на европска Македонија

Read more

Апасиев: Под власта на учките од ДУИ, поддржани од корумпираната македонска елита, секое второ дете од Полог се раѓа во Швајцарија

Read more

Ковачки до Ахмети: Парите со кои вршиш поткуп ќе треба да ги вратиш

Read more
 

Вести

Основците и средношколците од утре на пролетен распуст

Читај повеќе

Ковачевски: ВМРО ДПМНЕ ќе ги затвори нашите ЕУ перспективи, СДСМ останува посветена на европска Македонија

Читај повеќе

Апасиев: Под власта на учките од ДУИ, поддржани од корумпираната македонска елита, секое второ дете од Полог се раѓа во Швајцарија

Читај повеќе

Ковачки до Ахмети: Парите со кои вршиш поткуп ќе треба да ги вратиш

Читај повеќе

Ирак воведе затворска казна од 15 години за истополови врски

Читај повеќе

Промена на времето со пороен дожд и грмежи од 1 мај

Читај повеќе

Остануваат уште 9 дена изборна кампања: Партиските агенди и денеска набиени

Читај повеќе

Србија се соочува со сериозен недостиг на работници во автосервисите

Читај повеќе

Народната банка ја додели Годишната награда за млади истражувачи за 2024 година

Читај повеќе