НБРМ: Конфискуваното злато претопено во златни прачки и вклучено во девизните резерви

Народната банка ја зголеми количината на монетарно злато во девизните резерви на Република Македонија преку постапка на претопување на пригодни ковани пари и дефинитивно одземени златни предмети во монетарно злато.

Народната банка се стекна со нови шест прачки на монетарно злато со пазарна вредност од околу 2,6 милиони евра, кое во целост ги задоволува стандардите за квалитет утврдени на пазарот на благородни метали во Лондон. 

Оваа постапка се реализира согласно Одлуката на Владата на Република Македонија за претворање на пригодните ковани пари во монетарно злато и согласно измените и дополнувањата на Законот за управување со конфискуван имот, имотна корист и одземени предмети во кривична и прекршочна постапка, според коишто на Народната банка и беа отстапени дефинитивно одземени златни предмети од Агенцијата за управување со одземен имот. 

„Пригодните ковани пари и дефинитивно одземени златни предмети беа испратени на постапка на претопување во швајцарска топилница, по што функционално се претворија во монетарно злато и се вклучија во девизните резерви на Република Македонија. На тој начин, се зголеми количината на монетарно злато во девизните резерви на Република Македонија за 2.288 унци, односно од 218.875 унци се искачи на 221.163 унци злато“, се вели во соопштението од НБРМ. 

реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Голем хороскоп за МАЈ 2024: Еден знак остварува долгогодишен сон

Read more

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Read more

Знаци кои покажуваат дека страдате од недостаток на калциум

Read more

Бизнис

Паѓаат приходите на Starbucks, дали бојкотот успева?

Read more

Ја ограничија цената на руската нафта – не функционира!

Read more

Tesla и Apple помогнаа за растот на Волстрит

Read more

Зошто ЕУ сè уште купува руски гас?

Read more
 

Вести

Цената на осигурувањето од автоодговорност се враќа на ниво од пред 25 април

Читај повеќе

Сиљановска-Давкова до Пендаровски: Ќе дебатирам со празно столче, последната дебата е закажана за понеделник

Читај повеќе

Мицкоски: На СДСМ прогнозите не им излегоа како што тие замислуваа

Читај повеќе

Макрон: Не исклучувам испраќање војска во Украина

Читај повеќе

Тело на починат маж извадено од Вардар во Велес

Читај повеќе

Избрана е новата Влада на Србија

Читај повеќе

Бајден ги нарече Индија и Јапонија „ксенофобични земји“

Читај повеќе

Кривична против двајца штипјани, истепале полицаец

Читај повеќе

САД воведоа нови санкции кон Русија

Читај повеќе