КОНМЕБОЛ КОПА ЛИБЕРТАДОРЕС 2024 - КВАЛИФИКАЦИИ

Не бадијала се викаат Always Ready

Очигледно фудбалерите на боливискиот клуб Олвејс Реди се секогаш подготвени, а тоа на дело го демонстрираат ноќеска во Копа Либертадорес кога славеа со 6:1.

Ноќеска во Боливија беше испишана историја на Копа Либертадорес. Натпреварот од елитното јужноамериканско клупско натпреварување се одигра на 4.090 метри надморска височина, а високиот резултат од 6:1 кој беше постигнат не е никакво изненадување.

Боливискиот клуб Олвејс Реди (Always Ready, или во превод Секогаш Подготвени) го пречека перуанскиот Спортинг Кристал во првиот натпревар од 2. квалификациско коло на Копа Либертадорес, а сите јужноамерикански медиуми пред натпреварот изразија загриженост бидејќи јужноамериканската конфедерација (КОНМЕБОЛ) му дозволи на боливискиот клуб да игра натпревари на неговиот стадион „Виља Инхенио“, кој се наоѓа на 4.090 метри надморска височина во, погодете како се вика градот - Ел Алто, што во превод значи „височини“.

Имено, луѓето можат да имаат потешкотии со дишењето веќе на 2.100 метри, а со оглед на тоа дека Олвејс Реди игра на двојно поголема височинна, јасно беше дека нивните противници немаат исти услови за игра.

Фудбалерите на Олвејс Реди се аклиматизирани на недостаток на кислород, па немаат проблем да трчаат 90 минути, а тоа се виде и синоќа. И не бадијала го носат тоа име, тие се секогаш подготвени.

Резултатот на полувремето беше 1:1, а потоа во продолжението Перуанците останаа без сили, не можеа повеќе да трчаат во невозможните услови за игра и примија уште пет гола.

Remote video URL

Корисниците на социјалните мрежи по натпреварот беа бесни на КОНМЕБОЛ, а најчестиот коментар на Х гласеше: „Дали сега ви е јасно зошто натпреварот не требаше да се игра на височина од 4 километри?“.

URL

Она што е особено интересно е што во листата на стрелци се запиша и Моисес Паниагуа, кој со 16 години и 188 дена стана вториот најмлад стрелец во историјата на Копа Либертадорес.

URL

Паниагуа е најдобар пример за нееднакви услови за екипите на стадионот „Виља Инхенио“. Имено, тој дебитираше на 14 години во боливискиот шампионат и веднаш постигна гол, а досега има постигнато 5 гола за „секлогаш подготвените“. Се разбира, сите пет на домашен терен.

Интересна коинциденција е тоа што Олвејс Реди игра во бели дресови со црвена лента, исто како дресовите на репрезентацијата ан Перу, од каде што е Спортинг Кристал. Таква комбинација имаат и аргентински Ривер Плејт и шпански Рајо Ваљекано.

Дресовите на Олвејс Реди (лево) и Перу (десно)

Реваншот е закажан за 28 февруари во Перу, но јасно е дека боливискиот клуб ќе продолжи понатаму и ќе игра против подобриот од дуелот меѓу венецуелскиот Пуерто Кабељо и уругвајскиот Насионал од Монтевидео.

реклама

Хаос во Берлин, повредени 155 полицајци

Read more

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Read more

Суперсоничниот авион на Boom доби дозвола за суперсоничен пробен лет

Read more

Како да го зачувате лебот свеж без да го ставате во фрижидер?

Read more

Фудбал

Хаос во Берлин, повредени 155 полицајци

Read more

По 6 години ПСВ е шампион на Холандија

Read more

Новицки откри зошто го носеше дресот со број 41

Read more

Нереална ноќ на големиот Меси: Запиша дури 5 асистенции и даде гол

Read more
 

Спорт

Хаос во Берлин, повредени 155 полицајци

Читај повеќе
  • play_arrow

По 6 години ПСВ е шампион на Холандија

Читај повеќе

Новицки откри зошто го носеше дресот со број 41

Читај повеќе
  • play_arrow

Нереална ноќ на големиот Меси: Запиша дури 5 асистенции и даде гол

Читај повеќе
  • play_arrow

Изненадување во Денвер: Јокиќ и Нагетс паднаа на првиот меч, Едвардс броеше до 43

Читај повеќе

Швјонтек го освои Мастерсот во Мадрид

Читај повеќе

Тренерот на Лејкерс доби отказ: Последниве две години беа пеколни

Читај повеќе
  • play_arrow

Хаос во холандската лига: Не се знаеше кој слави, кој плаче

Читај повеќе

Заслужено или не? Фудбалер на Манчестер Сити прогласен за најдобар во Премиер лига

Читај повеќе