Нема да се гради покрај море, реки и езера, одлучија Словенците на референдум

Гласачите во Словенија во неделата масовно ги отфрлија измените на Законот за вода поддржани од Владата, нанесувајќи удар врз кредибилитетот на десничарската влада што ги предложи.

Како удар врз десничарската влада на Јанез Јанша, која ги предложи измените, повеќе од 86 проценти од гласачите на референдумот во Словенија во неделата го отфрлија Законот за вода предложен од Владата.

Активисти и невладини организации кои го иницираа референдумот ја прославија огромната победа.

„Она што се случи е будење на граѓанското општество. Покажуваме дека ќе реагираме на секој авторитет… И секогаш ќе распишуваме референдум ако мислиме дека нешто не е во ред, без разлика каква [политичка] боја има авторитетот“, рече во неделата Ника Ковач, директор на Институтот 8 Март, по објавувањето на резултатите.

Според Државната изборна комисија, на гласање излегле 783.762 гласачи или 46 проценти од вкупниот број гласачи, што е висока излезност во однос на историјата на словенечките референдуми.

Законите во Словенија се одбиваат на референдум ако мнозинството гласа против и ако вкупниот број на гласови „против“ претставува најмалку петтина од сите гласачи со право на глас. Тоа значи дека околу 340.000 граѓани мора да дадат гласови против законот. На референдумот во неделата, повеќе од 677.000 луѓе гласаа против Законот.

Амандманите на Законот за вода, предложени од владата на Јанша, беа усвоени од Парламентот на крајот на март по скратена постапка, и покрај критиките од граѓанското општество и експертите.

Во април, активисти за заштита на животната средина и други невладини организации, загрижени за спорните одредби што овозможуваат изградба на комунална комунална инфраструктура во крајбрежните области, започнаа да собираат потписи за референдум и успеаја да го добијат потребниот број.

Тие тврдат дека промените може да доведат до прекумерен развој, што може да влијае на квалитетот на водата и достапноста.

Владата инсистираше на тоа дека законските измени ги стеснуваат можностите за изградба на крајбрежјето и на речните брегови.

Министерот за животна средина и просторно планирање Андреј Визјак рече дека референдумот бил злоупотребен за да се постигнат други цели, вклучително и политички.

„Луѓето реагираа емотивно, охрабрени од брошури кои немаат никаква врска со законот“, рече Визјак за јавниот радиодифузер РТВ Словенија во неделата.

Некои набљудувачи рекоа дека референдумот открива растечка недоверба кон владата предводена од Јанша, кој се најде под европски надзор за неговите ограничувања кон медиумите, граѓанското општество и судството.

Политичкиот аналитичар Андраз Зорко за РТВ Словенија изјави дека ова не е само референдум за еколошко прашање.

„Гласачите изгласаа недоверба на оваа влада... Ова треба да има одредени последици. Во некои нормални околности, нормалните демократии, не само министерот, туку и владата треба да дадат оставка за резултатите и одзивот“, изјави Зорко.

Но, Јанша го минимизираше резултатот, објавувајќи на Twitter дека „нема драма“ и ги отфрли разговорите за оставки.

„Дали знаете некоја левичарска влада што поднела оставка заради референдум?” реторички праша премиерот.

реклама

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Read more
Најубавите велигденски пораки

Најубавите велигденски пораки

Read more

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more

Свет

44 години од смртта на Тито: Дали историјата ќе го памти како херој или злосторник?

Read more

Дали војната во Украина прераснува во светска војна?

Read more

Маж и жена во Шведска запалија Куран

Read more

Ни европската десница не ја сака eкстремистичката AfD

Read more
 

Вести

Почувствуван земјотрес во Скопје

Читај повеќе

44 години од смртта на Тито: Дали историјата ќе го памти како херој или злосторник?

Читај повеќе

Дали војната во Украина прераснува во светска војна?

Читај повеќе
  • play_arrow

Маж и жена во Шведска запалија Куран

Читај повеќе

Санкциите се видливи: Газпром заврши во минус првпат по повеќе од 20 години

Читај повеќе

Куче паднало во шахта и ги изгризало каблите за интернет на две болници: ЦУК за невообичаената акција во Скопје

Читај повеќе

Одбележување 121 година од смртта на Гоце Делчев

Читај повеќе

Тепачка во Чаир: случајот го пријавила 28-годишна девојка која била меѓу нападнатите

Читај повеќе

Променливо облачно со повремени врнежи од дожд

Читај повеќе