Нема договор за минималната плата, предлогот на Бизнис конфедерацијата ќе се разгледува на Економскиот совет на Владата

Синдикатите, работодавачите и Владата и денеска не се договорија за зголемувањето на минималната плата. Заеднички е оценето дека постоечкиот модел на усогласување на минималната плата не е добар за ниту една страна. Од Владата најавуваат дека ќе го разгледаат новиот предлог на Бизнис конфедерацијата за да се субвенционира зголемувањето на минималната плата од страна на државата по што следната недела повторно се очекува да продолжат разговорите.

Предлогот на Бизнис конфедерацијата ќе биде разгледан во понеделник на седница на Економскиот совет при Владата.

– Бизнис конфедерацијата која ги застапува микро и малите претпријатија денеска дојде со предлог ако веќе се прифати било кое зголемување на минималната плата до опдредено ниво, тоа да го поддржи Владата. Тие имаа две барања – едното е поддршка на 50% на бруто зголемувањето или поддршка на нето платата која ќе биде зголемена. Ние не бевме спремни за калкулациите бидејќи за сите други модели што претходно беа понудени направивме симулации што тоа ќе значи. Во понеделник имаме Економски совет на кој ќе дискутираме за сѐ што оваа недела се разговараше. Ќе излеземе со анализи какви фискални импликации може да има за Владата предлогот да покриеме одредено зголемување на минималната плата, изјави вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи по состанокот во Владата.

 

Битиќи останува на ставот дека треба да се најде одржливо решение преку консензус меѓу трите социјални партнери.

– Едностраното решение нема да даде резултат. Мораме да продолжиме да дискутираме и да најдеме одржливо решение кое ќе генерира еднаш засекогаш да заборавиме да зборуваме за минимална плата. За жал во нашата држава 13,8% од работниците се приматели на минимална плата, а просекот во Европската Унија е 3%. Ние треба да зборуваме како да го намалиме овој просек, истакна Битиќи.

Во изјавата за медиумите, Битиќи порача дека работниците ќе добијат одржливо решение кое ќе им гарантира не само годинава највисока минимална плата, туку и следните години.

– Зголемена минимална плата ќе има. Дали ќе биде 18.000 или поголема од 18.000 денари ќе се дефинира на Економско-социјалниот совет, нагласи Битиќи.

За синдикатите, нивниот предлог за зголемување на минималната плата на 18.000 денари е најприфатлив. Не се задоволни од односот на работодавачите, а ја охрабрија Владата да застане на нивна страна.

– Очигледно дека работодавачите си гледаат само за нивните фирми, за нивниот капитал. Еден нефер и некоректен однос од страна на работодавачите, а Владата излезе со одлична анализа која кажува дека моделот што го предлага ССМ и останатите синдикати е најприфатлив и опстоен во идните години. Ја охрабрувам Владата цврсто да застане рамо до рамо со работникот и да го даде тоа што го бараме. Да не се молиме за минимална плата од 18.000 денари и скалесто зголемување на сите останати плати, изјави претседателот на Сојузот на синдикати на Македонија, Дарко Димовски. 

Работодавачите сметаат дека нивниот модел е најприфатлив. Според нивните пресметки, минималната плата би требало да изнесува нешто над 16.300 денари.

– Нашата проекција предвидува долгорочно поприфатливи услови за сите работници отколку оние што ги дава синдикатот. Како компании работиме на долг рок и сите наши планови ги правиме на долг рок и сметаме дека од денес за утре платите на работниците не вродува со сигурност за нивното работење, изјави претседателката на Организацијата на работодавачи на Македонија, Јадранка Трајкоска.

Од Министерството за труд и социјална политика излегоа со соопштение по средбата во која нагласуваат дека социјалниот дијалог продолжува следната недела со цел да се најде најодржливо системско решение.

– Овој предлог бара дополнителна анализа, со цел да се утврдат  фискалните импликации кои би го предизвикале предложеното решение. Затоа беше договорено социјалниот дијалог да продолжи следната недела, со цел да се дојде до приближување  и изнаоѓање на најодржливото системско решение, кое ќе даде резултат на долг рок, се наведува во соопштението.

Синдикатите бараат веднаш зголемување на минималната плата од 18.000 денари поради зголемените животни трошоци и енергетската криза.

Остануваат на ставот за генерален штрајк и најавата за собир пред Собранието на 10 февруари за кога е закажана пленарна седница на која се ставени предлог-измените на Законот за минимална плата, поднесени од Левица.

реклама

„Непристоен предлог“ за земјите кои сакаат нивните бродови да поминат низ Ормутскиот Теснец

Read more

Пет ирански фудбалерки со драматично бегство се спасија од режимот

Read more

Ручек за 20 минути: Паста со пилешко во бел сос

Read more

Колку минути треба да пешачите дневно за да слабеете после 40-тата година?

Read more

Македонија

Се подготвува првиот Национален водич за заштита на фертилитетот

Read more

Сончево со температури до 18 степени Целзиусови

Read more

Без струја делови од Центар и Кисела Вода

Read more

Од полноќ нови цени на горивата

Read more
 

Вести

Се пребарува морничавиот ранч на Епстин во Ново Мексико, вклучени се и кучиња трагачи

Читај повеќе

„Непристоен предлог“ за земјите кои сакаат нивните бродови да поминат низ Ормутскиот Теснец

Читај повеќе

Кошта: Русија е единствениот победник во војната на Блискиот Исток

Читај повеќе

Се подготвува првиот Национален водич за заштита на фертилитетот

Читај повеќе

Туристичка криза поради војната на Блискиот Исток: Кој ќе ќари?

Читај повеќе

Ердоган: Нема дa дозволиме да нè вовлечат во војна 

Читај повеќе

Штипјанец лажно се претставил како полицаец, одзел возило, предизвикал незгода и нападнал полицаец

Читај повеќе

Трамп рече дека војната со Иран е „речиси завршена“, цените на нафтата паѓаат

Читај повеќе

Сончево со температури до 18 степени Целзиусови

Читај повеќе