Netflix изгуби 200.000 корисници, ќе ги лови оние кои делат профили

За прв пат по повеќе од 10 години Netflix нема раст, туку огромен пад од над 200.000 изгубени корисници, што предизвика остри реакции од пазарот, но и на компанијата.

Сите кои си делат Netflix кориснички профили и не плаќаат целосен износ за претплата нека се подготват за губење на оваа можност. Netflix најави дека тргнува во лов на луѓе кои ги делат своите кориснички профили, но ова е само една од мерките кои ќе ги преземе за да го задржи успехот во работењето.

Периодот во кој Netflix за прв пат во историјата не го зголеми бројот на претплатниците се однесува од почетокот на годинава до крајот на март, што предизвика пад на акциите на компанијата од дури 23%.

По рекордниот скок во пандемијата, менаџментот прогнозираше дека во овој период ќе добие 2,5 милиони нови претплатници, но ова не само што не се случи, туку е забележан историски пад.

Сега, менаџментот предвидува дека и во вториот квартал од годинава падот ќе продолжи и дека од април до јуни сервисот ќе го напуштат околу 2 милиони корисници.

На ова многу влијае и војната во Украина, па бројот на откажани претплати од Русија и Украина е околу 700.000. Конкуренцијата се засилува глобално, па HBO Max има успеси ширум светот и дава премиери на блокбастери само 45 дена по премиерата во кино. Успешен е и Amazon Prime.

Netflix официјално има преку 222 милиони претплатници и уште околу 100 милиони луѓе кои го делат корисничкиот профил со некој од овие во првата бројка.

Тагови
реклама

Крај на кредитите и долговите: 4 хороскопски знаци ќе добијат пари во мај

Read more

Невролог советува на која возраст треба целосно да се престане со пиење алкохол

Read more

Едноставна техника - божествен изглед: Вапцање јајца со свила

Read more

Почна сезоната на бозел: Со едноставен рецепт направете сок од оваа лековита билка

Read more

Филм & ТВ

Пенелопе Крус важи за една од најубавите актерки, со години е на посебна диета

Read more

Новиот Lion King ја раскажува приказната за Муфаса

Read more

Топ 10 најпиратирани филмови на неделата

Read more

Погледнете го трејлерот за хоророт The Exorcism со Расел Кроу

Read more
 

Сцена

Пенелопе Крус важи за една од најубавите актерки, со години е на посебна диета

Читај повеќе
  • play_arrow

Новиот Lion King ја раскажува приказната за Муфаса

Читај повеќе
  • play_arrow

Топ 10 најпиратирани филмови на неделата

Читај повеќе
  • filter

28 април 1980 – родена е македонската поп-ѕвезда Каролина Гочева

Читај повеќе

Ар Кели осуден на уште 20 години затвор за сексуално злоставување деца

Читај повеќе
  • play_arrow

Погледнете го трејлерот за хоророт The Exorcism со Расел Кроу

Читај повеќе

Трагичната љубовна приказна на Џулија Робертс и Метју Пери

Читај повеќе

Големото враќање на Селин Дион: Имам сила во себе, ништо нема да ме спречи

Читај повеќе

Почина менаџерот Велибор Џаровски-Џаро

Читај повеќе