Netflix тргнува во војна против споделувањето кориснички профили

Неколку недели по најавеното зголемување на цената, Netflix соопшти дека тргнува во војна против широко распространетата практика на споделување кориснички профили меѓу луѓе кои не живеат во исто домаќинство.

Netflix во моментов тестира начини да го спречи споделувањето на корисничките профили и лозинки меѓу корисници кои не живеат заедно, а оние кои сè уште го сакаат тоа ќе мора да платат повеќе за таквата привилегија.

„Иако практиката е популарна, таа создаде конфузија околу тоа кога и како Netflix може да се дели со други луѓе. Како резултат на тоа, профилите се споделуваат надвор од домаќинството, а тоа влијае на нашата способност да инвестираме во одлична нова ТВ содржина и филмови за нашите корисници“, рече Ченги Лонг, директор за иновации на производи.

За време на тест периодот, Netflix ќе се фокусира на три земји, и тоа Чиле, Костарика и Перу. Во овие земји, покрај можноста за префрлање на профили на нови сметки, претплатниците ќе добијат понуда да додадат дополнителен прегледувач на нивниот пакет по пониска цена.

Ова не е прв пат Netflix да експериментира со начини за борба против споделувањето лозинки на профилите. Минатата година, компанијата експериментираше со алатка за проверка на профилот за да спречи неовластени корисници да користат туѓи профили на платформата.

Од друга страна, можноста за додавање дополнителни опции за пренос на членови и профил укажува на тоа дека Netflix размислува стратешки кога станува збор за обидот да продолжи да расте додека бројот на претплатници продолжува да опаѓа. Ако Netflix планира да го задржи првото место на стриминг скалилото, тогаш мора да продолжи да ја финансира својата поскапа оригинална содржина. Сепак, тие пари мора да дојдат од некаде, а еден од начините е да се бори против неовластено споделување на профили и лозинки.

Тагови
реклама

Крај на кредитите и долговите: 4 хороскопски знаци ќе добијат пари во мај

Read more

Невролог советува на која возраст треба целосно да се престане со пиење алкохол

Read more

Едноставна техника - божествен изглед: Вапцање јајца со свила

Read more

Која риба го надминува и лососот по хранливост?

Read more

Филм & ТВ

Пенелопе Крус важи за една од најубавите актерки, со години е на посебна диета

Read more

Новиот Lion King ја раскажува приказната за Муфаса

Read more

Топ 10 најпиратирани филмови на неделата

Read more

Погледнете го трејлерот за хоророт The Exorcism со Расел Кроу

Read more
 

Сцена

Пенелопе Крус важи за една од најубавите актерки, со години е на посебна диета

Читај повеќе
  • play_arrow

Новиот Lion King ја раскажува приказната за Муфаса

Читај повеќе
  • play_arrow

Топ 10 најпиратирани филмови на неделата

Читај повеќе
  • filter

28 април 1980 – родена е македонската поп-ѕвезда Каролина Гочева

Читај повеќе

Ар Кели осуден на уште 20 години затвор за сексуално злоставување деца

Читај повеќе
  • play_arrow

Погледнете го трејлерот за хоророт The Exorcism со Расел Кроу

Читај повеќе

Трагичната љубовна приказна на Џулија Робертс и Метју Пери

Читај повеќе

Големото враќање на Селин Дион: Имам сила во себе, ништо нема да ме спречи

Читај повеќе

Почина менаџерот Велибор Џаровски-Џаро

Читај повеќе