Невреме во Виница, одрони на патот кон Берово

Територијата на Општина Виница попладнево беше погодена со обилни  врнежи од дожд и притоа регистрирани се одрони на патот Берово – Виница, заради што надлежните апелираа на внимателно возење долж овој патен правец.

Претходно Центарот за управување со кризи соопшти дека како поплавени во Виница се пријавени 30 до 40 објекти.

На терен интервенираат од ЈКП „Солидарност“ Виница со една пумпа и двајца вработени, ТППЕ Виница со две пумпи и четворица пожарникари и од ТППЕ Кочани со три пумпи и шест пожарникари.

-Во моментов нема потреба од дополнителна помош и опрема, информираа од ЦУК.

Во Малешевијата се санираат штетите по вчерашното невреме. Во Пехчево екипи на Јавното комунално претпријатие работеa на расчистување на остатоците од невремето на патот до туристичката населба Равна Река, каде најмногу од обилните врнежи и надојдената вода настрада патната мрежа која води до оваа населба.

-Со механизација успеавме да исчистиме дел од наносите на патот, но сепак има доста штета која во моментот не може да биде саниранa. Имаме прекинати цевки од водоводната мрежа, искинати кабли и друга штета која дополнително ќе биде утврдена, велат од пехчевското комунално претпријатие.Во Берово во поплавите најмногу штета беше предизвикана од надоаѓањето на Клепалска Река.

-Кај оваа месност настрада патната мрежа, поради што неколку часови патниот сообраќај беше во прекин. Имаме штета и на мостови, меѓу кои најоштетен е мостот кај м.в Абланица, информираа од Општината. Наведуваат дека се работи на делумна санација на штетите на оние места каде тоа е можно.

Тагови
реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Голем хороскоп за МАЈ 2024: Еден знак остварува долгогодишен сон

Read more

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Read more

Знаци кои покажуваат дека страдате од недостаток на калциум

Read more

Македонија

Цената на осигурувањето од автоодговорност се враќа на ниво од пред 25 април

Read more

Сиљановска-Давкова до Пендаровски: Ќе дебатирам со празно столче, последната дебата е закажана за понеделник

Read more

Мицкоски: На СДСМ прогнозите не им излегоа како што тие замислуваа

Read more

ПОЦ: Бесплатен паркинг во Центар за време на Велигденските празници

Read more
 

Вести

Цената на осигурувањето од автоодговорност се враќа на ниво од пред 25 април

Читај повеќе

Сиљановска-Давкова до Пендаровски: Ќе дебатирам со празно столче, последната дебата е закажана за понеделник

Читај повеќе

Мицкоски: На СДСМ прогнозите не им излегоа како што тие замислуваа

Читај повеќе

Макрон: Не исклучувам испраќање војска во Украина

Читај повеќе

Тело на починат маж извадено од Вардар во Велес

Читај повеќе

Избрана е новата Влада на Србија

Читај повеќе

Бајден ги нарече Индија и Јапонија „ксенофобични земји“

Читај повеќе

Кривична против двајца штипјани, истепале полицаец

Читај повеќе

САД воведоа нови санкции кон Русија

Читај повеќе