Ноќеска се одигра НБА Ол-стар натпреварот во Индијанаполис кој потврди дека нешто итно треба да се промени. На крајот од натпреварот, дури и комесарот на лигата, Адам Силвер, беше разочаран од тоталниот недостаток на натпреварувачка енергија.
Оваа година НБА се врати во форматот Исток-Запад наместо претходната каде двајцата играчи со најмногу гласови на навивачите ги избираа своите тимови, но ниту тоа не помогна да се запре падот на квалитетот на кошарката на Ол-стар натпревар од најсилната лига во светот.
На крајот беа поставени многу рекорди, а Истокот победи со 211:186.
Така, го добивме првиот тим во историјата кој постигнал повеќе од 200 поени на Ол-стар натпреварот, а вкупно постигнати се рекордни 397 поени.
„Истокот постигна најмногу поени... Па, честитки“, ноншалантно изјави Силвер при прогласувањето на победникот.
И додека вообичаено изминативе години се зборуваше дека „играчите веќе не играат одбрана“, на синоќешниот натпревар беше буквално така.
Направени беа само 3 прекршока, што исто така е апсолутен рекорд и најдобро ја опишува ситуацијата на паркетот.
„Морам нешто да промениме. Од играчка перспектива забавно е да се трча горе-долу и да шутира“, изјави Леброн Џејмс, кој играше на Ол-стар натпреварот по рекорден 20-ти пат.
„Јасно ми е дека навивачите сакаат да видат натпреварувачки набој, но и ние не сакаме да се повредиме“, додаде Ентони Дејвис.
Најдобар стрелец на овој Ол-стар натпревар беше Карл-Ентони Таунс, кој постигна дури 50 поени.
„За мене Ол-стар натпреварот никогаш не бил конкурентен. Разбирам дека има играчи кои сакаат да се натпреваруваат, но за мене тоа е само забава. Не знам што може да направи НБА за да го промени тоа“, рече Таунс.
Демиен Лилард успеа да постави Ол-стар рекорд кој тешко ќе се сруши во блиска иднина. Кошаркарот на Милвоки Бакс постигна 39 поени со 6 асистенции и 3 скока, беше прогласен за МВП на натпреварот и победи на натпреварот во тројки претходната вечер.
Така, тој стана првиот играч кој некогаш победил на натпреварот за три поени на Ол-стар викендот и станал МВП на мечот.