Никој никогаш не изгубил толку многу пари како Илон Маск

Порано важеше за најбогатиот човек во светот, но Илон Маск остана без 200 милијарди долари во последните 13 месеци.

Минатата година Маск стана вториот човек во историјата кој успеал да стекне богатство од над 200 милијарди долари.

Сепак, сите ја почувствуваа економската криза, а со оглед на фактот дека голем дел од неговото богатство е поврзан со сопственоста на акциите на Tesla кои паднаа од 407 на 123 долари во последните 13 месеци, тоа значеше дека Маск мораше да се збогува со титулата најбогат човек во светот.

Сегашното богатство на Маск од 137 милијарди долари значи дека тој изгубил повеќе од 200 милијарди долари, што е прв пат во историјата да се случи толку голема загуба.

Многу инвеститори го обвинуваат Маск за падот на пазарната капитализација на Tesla, односно неговата преокупација со социјалната мрежа Twitter, што ја купи кон крајот на октомври, 2022 година.

Маск продаде дел од неговите акции на Tesla во вредност од речиси 40 милијарди долари во текот на изминатата година, и покрај тоа што претходно тврдеше дека нема да го стори тоа.

Распродажбата на акциите и падот на вредноста значеше дека акциите на SpaceX, што ги поседува тој, сега вредат повеќе од неговите акции во Tesla.

Тагови
реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Голем хороскоп за МАЈ 2024: Еден знак остварува долгогодишен сон

Read more

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Read more

Знаци кои покажуваат дека страдате од недостаток на калциум

Read more

Бизнис

Паѓаат приходите на Starbucks, дали бојкотот успева?

Read more

Ја ограничија цената на руската нафта – не функционира!

Read more

Tesla и Apple помогнаа за растот на Волстрит

Read more

Зошто ЕУ сè уште купува руски гас?

Read more
 

Вести

Цената на осигурувањето од автоодговорност се враќа на ниво од пред 25 април

Читај повеќе

Сиљановска-Давкова до Пендаровски: Ќе дебатирам со празно столче, последната дебата е закажана за понеделник

Читај повеќе

Мицкоски: На СДСМ прогнозите не им излегоа како што тие замислуваа

Читај повеќе

Макрон: Не исклучувам испраќање војска во Украина

Читај повеќе

Тело на починат маж извадено од Вардар во Велес

Читај повеќе

Избрана е новата Влада на Србија

Читај повеќе

Бајден ги нарече Индија и Јапонија „ксенофобични земји“

Читај повеќе

Кривична против двајца штипјани, истепале полицаец

Читај повеќе

САД воведоа нови санкции кон Русија

Читај повеќе