Низ фотографии: Упадот на поддржувачите на Трамп во Капитол Хил
По масовни демонстрации, група поддржувачи на Доналд Трамп ја проби заштитната ограда пред Капитол Хил, односно зградата во која е сместен американскиот Конгрес во Вашингтон.
Илјадници демонстранти влегоа низ влезовите на зградата, го совладаа обезбедувањето и упаднаа во објектот со цел да го спречат Конгресот да ја потврди победата на Џо Бајден на претседателските избори.
Сцените со насилство и дивеење на поддржувачите на Трамп го шокираа светот, но и американските политичари.
Трамп повика на смирување на ситуацијата, а демонстрантите кои влегоа во Капитол рече дека се прекршители на законот и за тоа ќе платат, додека Бајден ги нарече демонстратите „домашни терористи“.