Нобеловиот комитет ја повика Белорусија да го ослободи годинешниот лауреат Бјаљацки

Норвешкиот Нобелов комитет денеска ја повика Белорусија да го ослободи затворениот активист за човекови права Алес Бјаљацки, годинешниот добитник на Нобеловата награда за мир што ја дели со руска и украинска невладина организација со иста ориентација.

„Нашата порака е дека ги повикуваме властите во Белорусија да го ослободат Бјаљацкии се надеваме дека тоа ќе се случи и оти тој ќе дојде во Осло за да добие признание“, изјави претседателката на Комитетот Берит Реис-Андерсен.

„Но, во Белорусија има илјадници политички затвореници и се плашам дека мојата желба не е реална“, додаде таа.

Норвешкиот Нобелов комитет годинава Нобеловата награда за мир им ја додели на Бјаљацки, на руската организација за човекови права „Меморијал“ и на украинската организација „Центар за граѓански слободи“.

Шеесетгодишниот Бјаљацки е основач на Центарот за човекови права „Весна“ во Белорусија,  основан во 1996 година како одговор на бруталното задушување на уличните протести во земјата од страна на Александар Лукашенко.

Тој беше во затвор од 2011 до 2014 година за даночно затајување. Повторно беше уапсен во 2020 година по масовните протести одржани поради, како што тврдеа опозицијата и независните набљудувачи, наместените избори што го одржаа Лукашенко на власт. 

реклама

BBC: Израелците беа убедени дека се недопирливи

Read more

Најдени црните кутии: Откриен клучниот момент за падот на индискиот авион

Read more

Кафе едно евро, вино две: Која е европската дестинација со рајски плажи?

Read more

Што ако Иран го затвори Ормутскиот Теснец?

Read more

Свет

Нетанјаху: Израел има две цели во Иран

Read more

Крај дилерското царство: Европол го разби најголемиот пазар на дрога на темната мрежа

Read more

BBC: Израелците беа убедени дека се недопирливи

Read more

Иран се повлекува од договорот за неширење на нуклеарно оружје

Read more
 

Вести

Нетанјаху: Израел има две цели во Иран

Читај повеќе

Крај дилерското царство: Европол го разби најголемиот пазар на дрога на темната мрежа

Читај повеќе

Уапсен скопјанец, возел со 2,57 промила алкохол во крвта

Читај повеќе

Полицаец предупредувал казина и локали кога ќе има полициски и финансиски контроли

Читај повеќе

BBC: Израелците беа убедени дека се недопирливи

Читај повеќе

Од полноќ нови цени на горивата

Читај повеќе

Иран се повлекува од договорот за неширење на нуклеарно оружје

Читај повеќе

Милена Сиљаноска ја промовира стихозбирката „Куќичка на дрво не може да биде дом“

Читај повеќе

Најдени црните кутии: Откриен клучниот момент за падот на индискиот авион

Читај повеќе